ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветОрбан: Војната е прескапа за Европа, не смее да се заобиколи правото на вето на земјите-членки Премиерот на Унгарија Виктор Орбан од Рим изјави дека мировниот процес е активен и напредува, и покрај обидите на Брисел да ја маргинализира Унгарија и да ја исклучи од клучните европски одлуки.Во опширно интервју за „abouthungary“, Орбан ја нагласи централната улога на Унгарија во меѓународната дипломатија и ја потврди цврстата посветеност на земјата на мирот, суверенитетот и енергетската безбедност. Орбан зборуваше за својата прва средба со папата Лав XIV, опишувајќи го Ватикан како духовен центар на растечката глобална антивоена мрежа. - Во светот постои мрежа што се спротивставува на војната, со две фокусни точки: една на моќта предводена од претседателот на САД и една на духот, која се наоѓа овде кај Светиот Отец. Ние црпиме сила, мотивација и благослов од двете, изјави премиерот на Унгарија. Тој потенцираше дека оваа алијанса сега го вклучува и претседателот Доналд Трамп, кој се вратил во мировниот камп со опипливи резултати, вклучувајќи го неодамнешниот прекин на огнот во Газа. Орбан потврди дека планираниот мировен самит меѓу рускиот и американскиот претседател сѐ уште треба да се одржи во Будимпешта. - Тој самит ќе се случи. Прифатете го тоа како факт“ рече тој. Иако точниот датум останува неизвесен, Орбан истакна дека рамката е веќе поставена. - Погледнете го последниот голем мировен самит во Шарм Ел Шеик. Беше финализиран во рок од три дена по месеци заднински разговори. Истото може да се случи и овде, потенцираше тој. Орбан, како што наведува порталот, го отфрли најновиот обид на Брисел да ја заобиколи Унгарија во одлучувањето за Украина, јасно наведувајќи дека таков преседан би бил закана за сите земји-членки. - Ниту една земја не сака да го отвори тој преседан. Денес е Унгарија, утре може да биде која било од нив. Орбан додаде дека Унгарија, Словачка, а сега и Чешка, имаат мировно ориентирани влади, а ескалацијата на трошоците за војната ги тера дури и западните лидери повторно да размислат. - На Европа ѝ снемува пари. Колку подолго трае оваа војна, толку станува појасно: едноставно не можеме да си ја дозволиме, нагласи тој. Во однос на иднината, Орбан изложи четири клучни цели: мировен договор меѓу САД и Русија, стратешко партнерство со Украина, наместо партнерство за членство, пристап до европските фондови за национален развој и слобода на земјите-членки на ЕУ да водат сопствена енергетска политика. „Ако некој не сака да купува руска енергија, во ред. Но, нека не им забранува на другите кои мораат“, заклучи Орбан. Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивциШпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса. Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид. Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец. Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година. Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства. Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот. Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter