Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
3„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
ЕвропаОрбан: Унгарија им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Европа и конфликтот во УкраинаУнгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Централна Европа и конфликтот во Украина со цел да се олесни мирното решение.Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им била од помош на САД. „Америка е далеку, Централна Европа е комплицирана, тешка за разбирање, а перспективата на војната е сосема поинаква отколку од тука. Се обидувам да им помогнам, на Американците, обидувајќи се да им дадам поинаква перспектива, поблиска, поширока, поисториска, подлабока, за да можат да донесуваат добри одлуки во мировниот процес“, рече Орбан во видео порака на Фејсбук. Американскиот државен секретар, вчера, за време на посетата на Будимпешта изјави дека односите меѓу САД и Унгарија се во „златна фаза“ и се темелат на солидна соработка, која не е само реторичка, туку и конкретна во областите на економијата и енергетиката. Тој потсети на блиските врски меѓу Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека Трамп е посветен на Унгарија и нејзиниот успех. Рубио го повтори ставот на САД дека една од клучните цели е што поскоро да се заврши војната во Украина, додавајќи дека САД ја презеле иницијативата за водење преговори меѓу Русија и Украина, додека другите меѓународни институции не успеале да постигнат напредок во таа насока.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај ГерманијаНоќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија. Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1. Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија. Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2. Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилностСончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис. Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова. На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2). На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter