Орбан: Украина може да ја добие војната само со европски и американски војници - Канал 5

Орбан: Украина може да ја добие војната само со европски и американски војници

Орбан рече дека американскиот претседател Доналд Трамп честопати го прашувал за неговото мислење за војната. Премиерот рече дека му рекол на Трамп дека оваа војна е веќе решена и дека Русите ја добиле.

Орбан: Украина може да ја добие војната само со европски и американски војници

Украина може да ја добие војната само ако стотици илјади војници пристигнат од Западна Европа и САД за да се борат на фронтот, но тоа би значело светска војна што никој не ја сака, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за онлајн програмата „Час на борба“, објавија унгарските медиуми.

Орбан рече дека американскиот претседател Доналд Трамп честопати го прашувал за неговото мислење за војната. Премиерот рече дека му рекол на Трамп дека оваа војна е веќе решена и дека Русите ја добиле.

„Прашањето е кога и кој ќе постигне договор со Русите: дали тоа ќе биде американско-руски договор или Европејците конечно ќе бидат подготвени да преговараат, што ќе доведе до руско-европски преговори“, рече Орбан.

„Оваа војна не може да се добие на бојното поле. Сите воени експерти, вклучувајќи ги и најдобрите американски, велат дека Украина може да ја добие оваа војна само ако стотици илјади војници од Западна Европа или Америка пристигнат на фронтот“, додаде тој.

Орбан рече дека Западот всушност не се бори против Русија, но не сака да стои настрана од поделбата на Украина.

„Русите зазедоа 20 отсто од Украина, а Западот верува дека има право да го земе остатокот. Ова е едноставна империјалистичка војна, но едноставно не се нарекува така“, рече Орбан.

Премиерот рече дека Западот едноставно не сака да остане без дел од земјата што може да се подели, поради што се води целата војна. Зад ова лежи грабежот на несреќните Украинци, додека тие (Западњаците) го претставуваат како војна во одбрана на Украина“, додаде Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.

Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост.

- Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување. Покрај мерките за самовработување, каде во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки. Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување на млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3.500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практиканство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат – кажа Ристески.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис.

Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)

Мала средба што потсетува зошто ја чуваме Шар Планина, стои во објавата на Фејсбук.

Вработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)

При теренска обиколка, вработените во НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња. Тие накратко се стрчале кон нив, веројатно во потрага по својата мајка, а потоа мирно се вратиле во шумата.

Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити.

Срните биле во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, па затоа и биле оставени во нивното природно живеалиште за повторно да се сретнат со мајката.

Ова е и важна порака до сите посетители на планината: кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе.

Шар Планина е дом на безброј диви приказни, да ѝ дозволиме на природата да го следи својот тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Започнува реконструкција на улица Трифун Бузев

Општина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4.

Општина Карпош: Започнува  реконструкција на улица Трифун Бузев

Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри.

По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица.

Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер