Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ - Канал 5

Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради унгарското противење на пристапувањето на Киев во Европската Унија, пренесува Будапест Тајм.

Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ

„Украинците мора да разберат дека Унгарија од фундаментални и стратешки причини не поддржува членство на Украина во ЕУ. Не сакаме војна, ниту пак сакаме тие да ја уништат европската економија, а со тоа и унгарската“, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој додаде дека „Киев мора да прифати дека тие не одлучуваат за тоа како размислуваат унгарските граѓани“.

Во неодамнешно интервју за радиото „Кошут“, Орбан предупреди на ризиците за Унгарија доколку Украина стане членка на ЕУ. Според него, таканаречениот „Зеленски план“ би предизвикал огромни економски трошоци за унгарските семејства и би ги загрозил националните интереси.

„Брисел не понуди ниту една кредибилна причина зошто Украина треба да биде примена, додека унгарскиот народ веќе даде јасен одговор“, истакна тој, додавајќи дека „тие сакаат да ја ‘усвоиме’ Украина, а со тоа и војната“.

Орбан нагласи дека земјите географски поблиску до Украина, како Унгарија, би се соочиле со најтешките последици – зголемена воена закана и економска дестабилизација. Според него, под актуелниот сценарио за пристапување, сметките за гас на унгарските домаќинства би се зголемиле 3,5 пати, а сметките за струја би се удвоиле.

- Едноставно не разбирам како воопшто можат да го бараат ова, рече тој, истакнувајќи дека таквите драстични поскапувања би го загрозиле животниот стандард и стабилноста на пазарот на труд.

Премиерот на Унгарија изрази загриженост и за притисокот од Брисел за укинување на купувањето руска енергија, што, според него, би го уништило унгарскиот енергетски сектор и би предизвикало масовна невработеност и намалување на платите. - Знаеме како изгледа ова – тоа беше Унгарија пред 2010 година, рече тој, алудирајќи на периодот на економски тешкотии.

Орбан ја потврди цврстата определба на Унгарија да се спротивстави на политиките на ЕУ кои го загрозуваат националниот суверенитет. „Не можат да нè заобиколат, рече тој, потенцирајќи дека проширувањето на ЕУ мора да го одразува мислењето на европските граѓани, од кои многумина, според него, би гласале против пристапувањето на Украина доколку им се даде можност.

На домашно поле, Орбан се осврна на земјоделството, истакнувајќи ги напорите на владата за тројно зголемување на наводнуваните земјоделски површини за заштита од суша. Тој најави и нова програма за домување со фиксни, нискокаматни кредити за пние кои првпат купуваат дом, како дел од мерките за поддршка на семејствата, заедно со даночни олеснувања и зголемени додатоци, кои ќе стапат во сила во август.

Говорејќи за странското влијание, Орбан ги критикуваше обидите на богати странски актери да влијаат врз унгарското општество, нагласувајќи дека само влади кои ги застапуваат националните интереси треба да ја водат земјата. Тој ја потврди и отпорноста на неговата влада кон странските притисоци, особено околу културни прашања како Прајд настаните и програмите за сензибилизација на децата, кои, според него, биле одбиени од милиони Унгарци на референдум.

- Наша задача е да ја браниме земјата, заклучи Орбан, потенцирајќи дека пристапувањето на Украина во ЕУ не е само дипломатско прашање, туку директна закана за економската и социјалната стабилност на Унгарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер