Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност - Канал 5

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност

„Ситуацијата е исклучително сериозна. Претходно разговаравме за нафтата, бевме под блокада. Ќе го надоместиме тоа од друго место, но гасоводот е уште поголема артерија“, рече Орбан на прес-конференција во Кишкундорошма.

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој утрово го обиколува почетокот на унгарскиот дел од гасоводот „Турски тек“ во Кишкундорошма, во областа Сегедин, изјави дека ситуацијата е исклучително сериозна и дека засега снабдувањето со гас на Унгарија не е загрозено, но дека треба да се биде многу внимателен.

„Ситуацијата е исклучително сериозна. Претходно разговаравме за нафтата, бевме под блокада. Ќе го надоместиме тоа од друго место, но гасоводот е уште поголема артерија“, рече Орбан на прес-конференција во Кишкундорошма, каде што е зголемена воената заштита на унгарскиот дел од „Турски тек“ и каде што врши инспекција на инфраструктурата откако вчера беа пронајдени експлозиви на српскиот дел од гасоводот, пренесува „Маѓар немзет“.

Тој потсети дека гасоводот веќе бил блокиран претходно поради што е и изграден „Турски тек“.

„Моментно сме под украинска гасна блокада, но можеме да ја надоместиме загубата од југ. Ако таа папочна врвца се пресече, унгарската економија ќе престане“, рече унгарскиот премиер.

Како што истакна, „засега, снабдувањето со гас за Унгарија не е загрозено, но мора да бидеме многу внимателни“.

Во 6 часот утринава Орбан се упати кон границата со Србија, во Кискундорошма, во областа Сегедин, за да провери дали сè е во ред со гасоводот од унгарска страна.

„Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Наместо да наводнуваме, одиме кон унгарско-српската граница. Вчера се обидоа да го кренат во воздух гасоводот од српска страна. Проверуваме дали сè е во ред од унгарска страна. Ќе известувам во живо за развојот на настаните“, рече Орбан во својата објава на „Фејсбук“ со видео.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат.

Државниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП

Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра.

Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија

Се најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. 

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава.

Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари.

Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат.

До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови.

Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000.

Ова е смислена политика, ова е одлука.

И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците.

Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата.

Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство.

„Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски.

Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето.

Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер