Орбан по одлуката на ЕУ за Украина: Решивме 26 земји да си одат по својот пат (ВИДЕО) - Канал 5

Орбан по одлуката на ЕУ за Украина: Решивме 26 земји да си одат по својот пат (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата кога лидерите ја носеа одлуката за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за Гардијан тројца европски дипломати.

Орбан по одлуката на ЕУ за Украина: Решивме 26 земји да си одат по својот пат (ВИДЕО)

Набрзо и самиот Орбан се огласи преку социјалните мрежи и повтори дека Украина не е подготвена да ги започне пристапните преговори.

„Речиси осум часа бевме на преговарачка маса овде во Брисел на самитот. Имавме голема дискусија за членството на Украина во ЕУ. Ставот на Унгарија е јасен: Украина не е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ. Тоа е сосема бесмислена, ирационална и погрешна одлука за почеток на преговори со Украина во овие околности“, рече тој.

„Унгарија нема да го промени својот став. Од друга страна, 26 други земји инсистираа да се донесе оваа одлука. Затоа, Унгарија одлучи да ги остави тие 26 земји да тргнат по својот пат. Унгарија не сака да има удел во оваа лоша одлука и затоа Унгарија денеска не учествуваше во одлуката“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компании

Премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Тиват оствари средба со градежните компании.

Мицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компании

По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, се наведува во објавата на ФБ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)

Во текот на својата кариера, Скарлет Јохансон глумеше во бројни љубовни приказни на филм, но не сите беа запаметени по убедливата хемија меѓу актерите. 

Скарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)

Гледајќи наназад кон својата кариера, таа откри кој е нејзиниот омилен романтичен партнер на екранот, а нејзиниот одговор изненади многумина.

Без многу размислување, актерката ја издвои Пенелопе Круз, со која глумеше во романтичната драма „Вики Кристина Барселона“ од 2008 година. „Морам да признаам, Пенелопе беше одлична“, рече Јохансон. „Таа е полна со страст и живот, а нема брада, што дефинитивно е плус“, додаде таа, пишува списанието Far Out.

Љубовен триаголник во филмот на Вуди Ален

Во филмот, Кристина, која ја игра Јохансон, и Марија Елена, која ја игра Круз, беа дел од љубовен триаголник со Хуан Антонио Гонзало, кој го игра Хавиер Бардем. Нивната приказна вклучуваше страсен бакнеж, а токму соработката со Круз остави најголем впечаток кај Јохансон.

YouTube video

Иако Јохансон ја издвои Круз како нејзина омилена партнерка, самата Круз не го сметаше снимањето за толку романтично. Таа ја опиша сцената со бакнежот како „најмалку секси нешто што можете да замислите“, објаснувајќи дека за време на снимањето биле опкружени со „околу шеесет членови на екипата кои јаделе сендвичи со салама“.

Јохансон го спомена и Хју Џекмен, со кого работеше во филмовите „Scoop“ и „The Prestige“, како „прекрасен“ партнер. Сепак, на крајот Круз повторно доби предност. „Сè уште би ја кажала Пенелопе, и тоа само затоа што нема брада“, заклучи актерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)

Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во нападите врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Украински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)

На прашањето за погодените бродови во Таганрошкиот Залив, министерството рече дека меѓу екипажите имало вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не му припаѓале на Азербејџан.

Украинците тврдат дека целта на нападите биле бродови што превезувале воен товар и украдено жито.

Порано во петокот, Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле пет брода во пристаништата Мариупол и Бердјанск, како и во крајбрежните води на територија контролирана од Русија.

Роберт Бровди, командант на украинските беспилотни летала, во соопштението изјави дека неговите беспилотни летала погодиле товарни бродови и танкер вклучен во „кражбата“ на украинско жито и преносот на воен товар и гориво, при што имињата на бродовите биле префарбани, а радарите биле исклучени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер