Орбан писмено побара ЕУ да ѝ ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на границите - Канал 5

Орбан писмено побара ЕУ да ѝ ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на границите

Орбан ја повика комисијата да обезбеди финансиска помош на граничните земји-членки без дискриминација.

Орбан писмено побара ЕУ да ѝ ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на границите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до Европската Унија во кое бара таа да ѝ ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на границите, истакнувајќи дека земјата спречила влез на повеќе од еден милион нелегални мигранти од 2015 година, а сепак се соочува со дневни казни од еден милион евра од Брисел, дознава хрватски Индекс.

Порталот во својот напис објавен синоќа наведува дека Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, на 31 август одржала заедничка прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск на челичната ограда подигната на белоруската граница од каде рекла дека ЕУ „сериозно ја сфаќа заканата од Исток“, додавајќи дека Брисел ќе ја забрза програмата за одбранбени кредити SAFE, мобилизирајќи 150 милијарди евра за земјите-членки, вклучително и за развој на одбраната и индустријата за оружје.

По прес-конференцијата во Полска, Орбан ѝ пиша на фон дер Лајен, поздравувајќи ја нејзината изјава и наведувајќи: „Со интерес ја прочитав вашата изјава во Полска дека физичките бариери што ги штитат надворешните граници на ЕУ се заедничка одговорност“.

„Во текот на изминатите десет години, Унгарија заштити значаен дел од границата на Шенген зоната, финансирајќи исклучиво од нашиот национален буџет. Унгарија постојано бараше надомест за овие трошоци од Европската комисија. Меѓутоа, наместо политичка или финансиска поддршка, Унгарија се соочува со постојани критики и беше принудена да плаќа невидена дневна казна од еден милион евра“, напиша Орбан.

Тој додаде дека Унгарија очекува „исто признание како и другите земји-членки и финансиска поддршка за задржување на милион мигранти надвор од блокот“ и изјави дека „многу земји-членки под значителен миграциски притисок одлучија да изградат физички бариери по должината на нивните надворешни граници за да ја заштитат својата национална безбедност и безбедноста на своите граѓани“.

„Не само што државните актери ја користат миграцијата како оружје, туку и организираните криминални групи вклучени во трговијата со луѓе, кои имаат врски со терористички организации и кои свесно или несвесно поддржуваат невладини организации кои сакаат да донесат масовно количество нелегални мигранти во Шенген зоната преку западнобалканската рута, исто така претставуваат закана за ЕУ“, напиша Орбан.

Тој додаде дека новите прогнози покажуваат дека милиони потенцијални мигранти „би можеле да ја напуштат Африка во секој момент“.

Орбан ја повика комисијата да обезбеди финансиска помош на граничните земји-членки без дискриминација.

„Унгарија останува посветена на европската солидарност и ќе продолжи да се бори за заедничките европски вредности преку заштита на шенгенската граница и безбедноста на нашите граѓани“, рече унгарскиот премиер.

Според информациите од хрватскиот портал, копија од писмото е испратена до секој член на Европскиот совет, што укажува дека Орбан има намера ова прашање да го постави пред целата европска јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Грчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела.

ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата.

Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот.

Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина.

Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба.

Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. август 2028 година

Дневен хороскоп за понеделник, 3. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. август 2028 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје и совет

Забавувајте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје и совет

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје и совет

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје и совет

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје и совет

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје и совет

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје и совет

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје и совет

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје и совет

Во секој случај, следува подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер