Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
СветОрбан: Не би сакале со прием на Украина во ЕУ да донесеме војнаПроблем со пристапувањето на Украина во Европската Унија е војната, бидејќи доколку би ја вовеле земјата во ЕУ, со тоа во неа би ја вовеле и војната, изјави денеска во Брисел унгарскиот премиер Виктор Орбан при пристигнувањето на Самитот на блокот.- Не би сакале да бидеме заедно во една заедница со земја што е во војна и претставува непосредна опасност за нас. Ако членка на Европската Унија е во војна, тоа би значело дека и Европската Унија е во војна, а не го сакаме тоа, истакна Орбан. Запрашан дали неговиот став кон пристапувањето на Украина во ЕУ ќе се промени доколку биде прогласен прекин на огнот, Орбан одговори: Да, но нема прекин на огнот. На прашањето дали очекува наскоро да биде постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД, Орбан изрази резерви кон капацитетите на европските преговарач. - Проблемот е што од страна на САД за склучување на договорот имаме јак преговарач, а од наша страна, ЕУ е многу слаба, рече Орбан. Тагови: Виктор Орбан ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ТехнологијаЛоши вести за „Google“ во Русија: Пристигна пресудата, мора да платат повеќе од 1,63 милијарди евраРускиот суд ја отфрли жалбата на гигантот: „Google Ireland“ мора да плати рекордна сума на сопствената филијала поради спорни трансакции и раскинување на договори.Московскиот окружен арбитражен суд ја отфрли касациската жалба на „Google Ireland Limited“ и „Google International LLC“ против одлуката за наплата на 160,3 милијарди рубљи (околу 1,63 милијарди евра) во корист на руската филијала на „Google“, објави денес Комерсант. Во февруари, московскиот суд му наложи на „Google Ireland“ да плати 101,7 милијарди рубљи (околу 1,04 милијарди евра) од главниот долг и дополнителни 58,6 милијарди рубљи (околу 601,6 милиони евра) камата. Деветтиот арбитражен суд во Москва ги отфрли жалбите на меѓународните структури на „Google“ во јуни, по што тие поднесоа касациска жалба, која сега е одбиена од Московскиот окружен арбитражен суд. Спорот го покрена стечајниот управник на руското правно лице „Google“, Валериј Таљаровски, кој побара одредени трансакции меѓу рускиот и ирскиот дел од компанијата да бидат поништени. Предмет на спорот беше раскинувањето на договорот за препродажба на рекламен простор од 2009 година, како и склучувањето на нов договор во април 2018 година. Таљаровски, исто така, ги оспори плаќањата извршени од руската филијала кон „Google Ireland“ во вкупен износ што надминува 373,7 милијарди рубљи (околу 3,84 милијарди евра), извршени од април 2018 година до март 2022 година. Судот го прифати барањето на стечајниот управник. Руските судови претходно донесоа и други одлуки против „Google“. Во февруари оваа година, Врховниот суд на Русија не прифати да го разгледа барањето на „Google International“ за преиспитување на одлуките на пониските судови што ги признаа тужбите на руските телевизиски канали против рускиот „Google“ за блокирање на нивните канали на „YouTube“. Извор: Б92Тагови: Google русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме МакедонијаНиколоски потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот. "Навистина е убаво кога се почнуваат нови проекти и кога се гледа нешто што во следните неколку години ќе донесе дополнителен развој, едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар – и уште повеќе зацврстување на Македонија како една раскрсница на Балканот. Кога оваа Влада беше формирана во 2024-тата година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 – се пресекуваат, а на нив се надоврзуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6", истакна вицепремиерот Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРахим Стерлинг се соочува со затворска казнаПоранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити, ...Рахим Стерлинг би можел да се соочи со казна затвор до две години доколку биде прогласен за виновен за опасно возење.Против 31-годишниот фудбалер се покренати обвиненија откако учествувал во судир на автопат додека го управувал својот „Ламборгини“, чија вредност изнесува 270.000 фунти (315.000 евра). Тој исто така се товари за поседување азотен оксид наменет за вдишување и за одбивање да даде примерок за тестирање, пренесува Goal.com. Портпарол на полицијата во Хемпшир и на Островот Вајт го потврди случајот. „Возачот треба да се појави пред суд следниот месец и да одговара на обвиненијата по судирот на автопатот М3. Ex-England footballer Raheem Sterling veers his £270k Lamborghini across three lanes while driving erratically on the M3, minutes before crash He can be seen with what looks to be a balloon filled with 'hippy crack' as he turns back into the inside lanehttps://t.co/rbklDnj6iC pic.twitter.com/1A43BM7Fl2 — Video Forensics (@Video_Forensics) June 1, 2026 Рахим Стерлинг (31) од Беркшир е обвинет за опасно возење, поседување азотен оксид за недозволено вдишување и одбивање да даде примерок“, се наведува во соопштението. Обвинението поврзано со поседувањето на азотен оксид – познат како „гас за смеење“ – е особено сериозно бидејќи оваа супстанца е класифицирана како дрога од класа Ц уште од ноември 2023 година. Неговата употреба и понатаму претставува проблем во професионалниот фудбал, со оглед на потврдените ризици од срцев удар, мозочен удар и оштетување на мозокот. Стерлинг беше пуштен на слобода со кауција за време на истрагата и сега мора да одговара пред судот по поднесените обвиненија. Незгодата се случи во близина на клучката „Минли“; сведоците пријавија дека автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот. Во судирот немаше повредени, но Стерлинг е обвинет за сериозен прекршок поради начинот на кој управувал со возилото, според описите на очевидците. По инцидентот, поранешниот англиски репрезентативец ретко се појавува во јавноста и само повремено објавува содржини на социјалните мрежи, поминувајќи го времето со своето семејство. Слободен играч без клуб Овие правни проблеми доаѓаат во момент кога фудбалерот, кој четири пати ја освоил Премиер лигата, се соочува со тешка фаза во својата кариера. По периодот исполнет со трофеи во Манчестер Сити, неговиот трансфер во Челзи во 2022 година, вреден 56 милиони евра, се покажа како лоша одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook