Орбан: Мигрантите претераа, пукаа на нашите и на српските полицајци (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија неодамна била нападната со автоматско оружје.

Насилството меѓу мигрантите расте.

„Со ова, мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна“, додаде тој. Тој предвидува дека проблемот дополнително ќе се продлабочи во текот на есента. Орбан, кој е на власт од 2010 година, спроведува строга антиимиграциска политика.

„На крајот на јуни беше усвоен нов договор за миграција, и покрај противењето на Унгарија и Полска. Сега е септември, и јасно е дека договорот веќе пропадна. Оваа година забележавме 128.000 обиди за преминување преку јужниот дел на Унгарија. Нападите на граничарите станаа вообичаени, евидентирани се 168 сериозни напади, а неколку наши полицајци се повредени“, нагласи унгарскиот премиер.

Невладини организации: Состојбата во Газа е апокалиптична

 „Спасете ги децата“ и другите меѓународни невладини организации денеска предупредија на „апокалиптичната“ ситуација во Појасот Газа по 60-дневната израелска опсада.

Невладините организации наведуваат дека сега оние кои го преживеале бомбардирањето се во непосредна опасност да умрат од глад или болест.

-Децата и семејствата талкаат по улиците на она што не е израмнето, без храна, немаат каде да одат и ништо да преживеат, рече на брифинг со новинарите Александра Саие од организацијата „Спасете ги децата“.

Шајна Лоу од Норвешкиот совет за бегалци рече дека нема безбедно место во Газа, дека повеќе од половина од становите се оштетени или уништени, а 1,9 милиони жители од вкупно 2,4 милиони се раселени поради војната.

Стотици илјади цивили избегаа од разурнатиот север на малата енклава за да се засолнат на југ. Меѓутоа, таму се интензивираат и израелските воени операции.

Башра Калиди од Оксфам ја опиша ситуацијата во Газа како апокалиптична и ги осуди ограничувањата на Израел за хуманитарните конвои кои пристигнуваат преку граничниот премин Рафа од Египет.

Светската програма за храна на крајот на ноември предупреди дека ризикот од глад за жителите на Газа, особено децата и жените, е многу висок.

Во исто време, првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Х“ ги спомна болестите кои ја зафаќаат територијата, поради „пренаселеноста, недостатокот на вода, санитарни услови и основна хигиена“.

Повеќе од 100 илјади жители страдаат од акутни респираторни проблеми, 75 илјади од дијареа, други од шуга.../МИА

Израел и САД ги отфрлаат повиците за итен прекин на огнот во Газа

Израел и САД денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ги отфрлија повиците за итен прекин на огнот во Газа, јави Би-Би-Си.

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, категорично ги отфрли повиците за прекин на огнот. Тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека „прекинот на огнот само ја зајакнува контролата на Хамас врз Газа“ и испраќа порака дека „на Хамас му е простено за неговите намерни злосторства“.

Тој исто така рече дека „угнетувањето на населението во Газа од страна на Хамас“ добило „зелено светло на меѓународната заедница“. Ердан додаде дека „без воен притисок врз Хамас, ниту една дипломатија не може да гарантира ослободување на заложниците“.

Американскиот претставник Роберт Вуд на седницата рече дека САД не поддржуваат итен прекин на огнот.

-Иако САД силно поддржуваат траен мир, во кој и Израелците и Палестинците можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот. Тоа само ќе го посее семето на следната војна бидејќи Хамас не сака траен мир, рече Вуд пред Советот за безбедност на ОН.

САД се една од постојаните членки што имаат право на вето на резолуцијата. Советот за безбедност на ОН подоцна денеска ќе гласа за резолуцијата претставена од Обединетите Арапски Емирати, која повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот во Газа“. /МИА

Нетанјаху: Палестинската управа не е решението за Газа

„Нема да има Хамас, ние ќе го елиминираме. “

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше палестинската управа откако палестинскиот премиер Мухамед Штаје во изјава за Блумберг изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во управувањето со Газа по војната меѓу Израел и организацијата, пренесе Бета.

-Нема да има Хамас, ние ќе го елиминираме. Фактот дека тоа е предлог на палестинската управа само ја зајакнува мојата политика: палестинската управа не е решението, рече Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми.

Како што пренесе Агенцијата, Рамала соработува со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за планот за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната, иако премиерот Штаје изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во тој процес.

Американски официјални претставници неодамна се сретнале со палестинскиот премиер за да разговараат за планот за повоена Газа.

-Нема да одиме таму според израелскиот воен план. Нашиот народ е таму. Треба да составиме механизам, нешто на што работиме со меѓународната заедница, рече палестинскиот премиер.

Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли идејата палестинската управа да ја води Газа по војната, обвинувајќи ја дека го поддржува тероризмот преку образование, им плаќа на терористите и не ги осудува нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел што ја започна војната. /МИА

притисни ентер