Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји - Канал 5

Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји

 Поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се чувствуваат сè повеќе туѓинци во сопствената земја, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан

Орбан: Миграцијата е смислена од левицата за промена на гласачкото тело во европските земји

Поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се чувствуваат сè повеќе туѓинци во сопствената земја, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан, учествувајќи во поткастот на Ноуфал.

Орбан на деветти јуни беше гостин на Марио Ноуфал, водител на најголемата емисија на Х (порано Твитер), која има милиони гледачи неделно, лидер на движењето за граѓанско новинарство и основач и извршен директор на ИБЦ гроуп - најголемиот инкубатор во крипто и вештачка интелигенција и е еден од водечките гласови во индустријата.

Премиерот на Унгарија при ова гостување особено се осврна на проблемите со миграцијата во европските земји, истакнувајќи дека никој нема да влезе во неговата земја без дозвола, без разлика на казните од ЕУ, затоа што тоа е кривично дело, а штетата од неконтролираното доселување на мигранти е долгорочна.

„Проблемот е што миграцијата е концепт на промена на општеството како такво. Да, тоа е еден вид замена на оригиналните гласачи со некои други и ова е, без да бидете вклучени во некаква теорија на заговор, детален план на левицата. Во последните 150 години од европската политика, вклучувајќи ја и Велика Британија, станува збор за натпревар на две страни, две групи: едната е таа што мисли дека ние треба да останеме во традиционалната рамка и систем на вредности на Европа, како што беше нацијата, слободата, христијанството, програмата за економија и другата - левицата, која сака да ја промени таа рамка, да ја 'пречекори' нацијата, семејството, христијанството... Сите ние би сакале да создадеме ново општество, да, но сега кога ги добиваме новите дојденци, кои воопшто не се христијани, тие се во основа муслимани, па левицата знае дека тие луѓе не гласаат за десницата, за христијаните никогаш, па тоа значи дека наместо да се продолжи со досегашниот вид конкуренција, што во основа не беше лошо за Европа, десницата и левицата и така натаму, сега тие вклучуваат нови гласачи, што целосно ја менува таа структура“, вели Орбан.

Мигрантите т.е. новите државјани на Европа, според Орбан, не се закана само за десницата, туку веќе стануваат политички фактор дури и за левицата.

„Меѓутоа, миграцијата не е само проблем на правниот систем, демографијата или вработувањето, туку на основната структура на егзистирањето: поради стапката на криминал што расте, терористичките напади што се случуваат, вознемиреноста на општеството против сето ова расте, луѓето се чувствуваат сè повеќе туѓинци во сопствената земја“, додава тој.

Исклучувајќи ја Велика Британија, за која вели дека поради нејзината империјална историја е во покомплицирана ситуација, унгарскиот премиер беше дециден во оваа прилика дека „мигрантската игра е завршена на континентот и нема враќање назад“.

„Мигрантите ги окупираат во основа урбаните области, големите градови, тоа е прво. Второ, духовно, тие се посилни од урбаните првични домашни жители и староседелци, а затоа што веруваат во Бог, веруваат во семејството, му припаѓаат, веруваат во сопствената заедница. Погледнете го примерот со Ердоган, кој беше поддржан од поголем процент во Германија на референдумот за уставот отколку во Турција. Затоа и сум среќен што Унгарија има нула мигранти, немаме нелегални доселеници, немаме миграција воопшто. Ја запревме“, истакна Орбан.

Тој потврди и дека главните западни конзервативни партии стануваат сè понервозни по ова прашање и бараат сè повеќе радикална промена на политиката на Брисел и дека ги охрабрува да не ја следат про-миграциската политика на ЕУ комисијата.

„Мојот предлог до сите е бунт, бунт, бунт“, нагласи унгарскиот премиер.

На прашањето, пак, како ќе се справи Европа со нискиот наталитет без мигрантите, тој одговора: „Тоа прашање е вистинска интелектуална стапица за мене и никој нема одговор на тоа, но јас барем се обидувам да најдам одговор, тоа е разликата. Другите не инвестираат енергија за да најдат одговор, тие едноставно прифаќаат: 'во ред, единственото решение е да ги донесеме мигрантите', тоа е она што го прават, но јас не го прифаќам и чувствувам дека не е добар концепт. Ние воведовме 'семејна политика' пред 10 години, помина доста добро, но избувна Ковид кризата, што нè врати назад. Сепак, во подобра состојба сме отколку пред неа. 'Семејната политика' вклучува триесеттина инструменти, а еден од нив е, на пример, доживотното ослободување од данок на доход за мајките кои имаат најмалку две деца, без разлика колку години имаат децата... Така што, може да се најде начин, наместо да се трошат пари на мигранти, да се поддржуваат домицилните заедници“, истакна унгарскиот премиер.

На поткастот Орбан го искоментира и руско-украинскиот конфликт.

„Заблуда е да се мисли дека прекинот на огнот или мирот може да дојде како резултат на руско-украински преговори. Мирот и прекинот на огнот може да дојдат исклучиво само преку руско-американски преговори, без разлика дали ни се допаѓа тоа или не, дали Европејците се подготвени да прифатат или дали Украинците прифаќаат или не. И не само за војната и не само за териториите и граничните линии, туку и за трговијата, инвестициите во енергијата... Невозможно е ние, западњаците, да финансираме украинска армија од еден милион војници, како што е планот во овој момент. Мислам дека треба да инвестираме многу пари не во украинската армија, туку во европските капацитети, воената индустрија, одбранбената индустрија и армијата во Европа, бидејќи Европа е денес едноставно, премногу слаба“, додава Орбан.

На крајот на ова свое гостување тој одговараше и на прашањето кои други светски лидери/земји, освен американскиот претседател Доналд Трамп, според него се клучни?

„Индискиот премиер Нарендра Моди и Кина, затоа што кинескиот концепт за времето е различен, а во политиката има две работи што навистина се важни, првото е содржината, а потоа уште повеќе е времето. Јапонците се малку надвор од радарот во овој момент. Тука се и Русите, кои се рационални, а американско-руски договор може да им помогне на Русите да се вратат и повторно да станат сериозен играч во светската политика. Потребни ни се повеќе сериозни разумни актери во меѓународната политика засновани на здрав разум, бидејќи имаме се помалку и, за жал, ние Европејците сме надвор од тој круг се повеќе и повеќе. Во Европа конкурентноста се базираше на многу едноставна структура, евтини суровини и енергија од Русија, софистицираната технологија од Запад ги комбинираше двете и бевме конкурентни. Тоа е одличен модел, да, но овој модел сега е надвор поради санкциите, а каде е новиот?“, рече Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер