3СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЕвропаОрбан ќе се сретне со Путин во Москва Се очекува Виктор Орбан да се сретне со Владимир Путин за прв пат по повеќе од една година, според извештаите на унгарските медиуми.Се очекува унгарскиот премиер да се сретне со Путин во петок во Москва, вели новинската веб-страница Телекс. Издавачката куќа VSquare претходно го објави истото, објави Скај Њуз. Орбан и Путин немале средба лице в лице од јули 2024 година. И таа средба се одржа во Москва. Засега нема официјална потврда од унгарската влада за средбата. Наместо тоа, им било кажано на локалните медиуми дека јавноста ќе биде известена за патувањата на Орбан во странство „според вообичаената постапка“. Близок и до Трамп и до Путин Орбан го посети Доналд Трамп во Белата куќа претходно овој месец. Во октомври, се чинеше дека Унгарија би можела да биде домаќин на уште еден самит Трамп-Путин. Трамп, сепак, се повлече од средбата - велејќи дека не мисли дека тоа ќе доведе до пробив во мировните преговори. Оваа недела, на „Truth Social“, Трамп посочи дека би можел да се сретне со Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски „наскоро“ - но само откако ќе се постигне мировен договор.Тагови: Виктор Орбан Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраина: Подготовка за најлошото сценариоУкраина е подобро подготвена за можни руски напади врз нејзината енергетска мрежа отколку што беше минатата зима, иако е невозможно целосно да се заштити секој објект, рече премиерот Сергеј Коретски.Коретски рече дека владата развила сеопфатен план за отпорност и подготвува механизми за одговор, од основни вонредни состојби до најтешки кризни сценарија. „Зимата ќе биде тешка - немам ништо ново да додадам на тоа. Но, ние немаме друг план освен да ја поминеме оваа зима со достоинство“, рече Коретски. Коретски рече дека руските сили продолжуваат да вршат интензивни воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура, што ја прави целосната физичка заштита невозможна. Сепак, тој нагласи дека искуството од претходната грејна сезона значително ја зголемило подготвеноста на земјата. „Русија може да го гледа тековниот период и зимската сезона како можност за брз притисок врз Украина“, објасни Коретски, додавајќи дека владата има намера да се справи со наредните месеци преку внатрешна координација и континуирана помош од меѓународните партнери. Според премиерот, клучот за стратегијата на Украина за претстојната зима е децентрализацијата на критичните комунални системи и мрежи од кои зависи основниот живот, на регионално, градско и окружно ниво. Целта е да се спречи локализирана штета што ќе предизвика колапс на целата електрична мрежа. Извор: Б92Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразенНискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап. За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години. 16 пати. Не процент. Пати. Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен. Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“. Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам. Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката. Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре. Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа. Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла. Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа - повторно поради него. Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски. Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела. Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани - да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит. Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки. Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки. Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо - освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага. Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер? Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса. ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката. Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле. Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам. Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата. Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт. СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината. Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант. Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки. Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook