Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
1Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
1Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
3Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
ЕвропаОрбан ја обвини опозицијата за подготовка на немири, Маѓар повикува на смиреностНа два дена пред парламентарните избори во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја обвини конзервативната опозиција, предводена од Петер Маѓар, дека подготвува немири во случај неговата партија да биде поразена, јави ДПА.„Нашите противници нема да застанат пред ништо“, изјави Орбан во видео-порака „до сите Унгарци“, објавена на неговата страница на Фејсбук. Тој тврди дека опозицијата соработува со странски разузнавачки служби и дека уште пред пребројувањето на гласовите организира протести и немири, но не понуди докази за овие обвинувања. „Ова е организиран обид преку хаос, притисок и меѓународна дискредитација да се доведе во прашање одлуката на унгарскиот народ“, додаде Орбан. Орбан, кој 16 години е на власт, се соочува со неизвесни избори в недела, при што анкетите покажуваат дека неговата партија Фидес може да биде поразена. Повеќето релевантни истражувања ѝ даваат предност на партијата Тиса на Маѓар. Во пресрет на изборите, Маѓар вети расчистување со, како што ја опишува, полуавторитарната политика на Орбан. Тој порано беше член на Фидес, но ја напушти партијата пред нешто повеќе од две години. Маѓар повика на смиреност Маѓар возврати преку видео на Фејсбук, повикувајќи ги поддржувачите да не подлегнуваат на провокации и да останат мирни. Тој изрази уверување дека Орбан ќе биде поразен од милиони гласачи кои порано го поддржувале, но сега се чувствуваат „разочарани и изневерени“, и го повика премиерот да го прифати резултатот „со смиреност и достоинство“. Експерт: Одек на руски дезинформациски наративи Безбедносниот експерт и поранешен разузнавач Петер Буда оцени дека тврдењата за немири и наводна соработка на опозицијата со Украина подолго време циркулираат во руските онлајн мрежи, пренесува ДПА. Тој посочи дека се појавиле и фабрикувани видеа, вклучително и материјали кои наводно прикажуваат украински војници како подготвуваат интервенција во Унгарија. Според Буда, преземањето на вакви наративи може да значи дека власта ја подготвува јавноста за можна „провокација“ која подоцна би ѝ се припишала на опозицијата. Тагови: Виктор Орбан Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на МакедонијаУрнати дрва, паднати бандери, оштетени електрични водови и уништени возила – ова е епилогот од силното невреме кое синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјава. Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде покрај материјални штети, беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски во изјава за Канал 5 вели дека освен материјална штета, нема повредени граѓани, а во расчистувањето на последиците од невремето се вклучила и Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација“. Невремето во Стар Дојран оштети натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, а откорна и десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Градоначалникот Илија Тентов вели дека од рано утринава се работи на расчистување на последиците од невремето, а животот во Дојран денеска нормално се одвива. Краткотрајна појава на невреме од УХМР најавуваат и за следните денови. Од таму сепак, велат дека за викендот се очекува стабилно и топло време. И додека се санираат последиците од синоќешното невреме, надлежните повторно апелираат на внимателност, граѓаните да ги следат предупредувањата и да избегнуваат непотребни движења на отворено за време на силен ветер и невреме. Тагови: невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНоќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локалОва се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина. Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила. Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица. Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот. -Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви. Тагови: пожар Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на ИндијаБилатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долариБилатералните односи да се кренат на повисоко ниво, да се продлабочат политичкиот дијалог, економската соработка и трговската размена од 133 милиони да порасне на 500 милиони долари- ова било во фокусот на средбата меѓу македонската и индиската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова и Друпади Мурму во Скопје. На првата официјална посета на земјава откако се воспоставени дипломатски односи меѓу двете држави, претседателката на Индија беше пречекана со највисоки државни и воени почести, тет-а-тет и билатерален состанок меѓу делегациите. На прес конференција со Сиљановска ги кажаа амбиционзните цели за во иднина, нашата претседателка добила покана за во Њу Делхи, а изразија надеж и дека пријателските односи ќе бидат потврдени со отворање на резидентна амбасада на Индија во Скопје. -Нашите две нации ги поврзува исклучителната врска преку една од најголемите хуманитарки што светот ги познавал – Света Мајка Тереза. Родена во Скопје, таа го посвети својот живот на народот на Индија и стана универзален симбол на човечноста. / Со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел – во следните пет години билатералната трговска размена да достигне барем 500 милиони американски долари,- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија. -Со оваа посета се потврдени пријателските врски, споделените вредности и взаемната почит меѓу двете нации. Целта е да се промовира поинтензивна трговска размена и инвестиции, како и да се охрабри соработката меѓу бизнис заедниците. Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија на двојно од сегашниот обем,- Друпади Мурму – претседателка на Индија. По средбите во претседателската вила, Мурму го посети и гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас кадешто положи цвеќе. Индиската претседателка попладнево учествува и на македонско-индискиот бизнис форум, а утре заедно со Сиљановска ќе ја посетат спомен куќата на Мајка Тереза и Музејот на Град Скопје кадешто ќе ја откријат новата биста на Махатма Ганди. Тагови: Сиљановска – Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50