Орбан ја нападна ЕУ: Ќе заврши како СССР - Канал 5

Орбан ја нападна ЕУ: Ќе заврши како СССР

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го обвини Брисел дека подмолно ја нападнал Унгарија со низа санкции против Русија, која ја смета за бомба за економијата.

Орбан ја нападна ЕУ: Ќе заврши како СССР

„Не сме загрижени за оние кои ја напаѓаат Унгарија од мрак, некаде од кулите во Брисел“, рече тој во говорот одржан во Залаегершег на западот на земјата, по повод националниот празник по повод 66-годишнината од Унгарската револуција против СССР во 1956 година.

„Тие ќе завршат таму каде што завршија нивните претходници“, додаде тој, предвидувајќи ѝ судбина за Европската унија слична на советскиот блок кој се распадна во 1991 година.

Тој говор уследи по неговата најава дека ќе одржи референдум за европските санкции против Москва, што тој продолжува да ги критикува.

Во Будимпешта и низ целата земја беа поставени плакати со порака: „Санкциите од Брисел нѐ уништуваат“.

„Војната пред нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата на мигрантите од југот. Мораме да се соочиме со многу проблеми“, рече денеска Орбан, уверувајќи дека неговата „силна и обединета“ влада ќе го надмине оваа искушение.

Од почетокот на војната во Украина, Унгарија се обидува да ги зачува добрите односи со Кремљ за да продолжи да добива нафта и гас. Тој не сака воено да ѝ помогне на Украина и ја критикува стратегијата на Брисел.

Орбан годинава не ги собра своите поддржувачи во Будимпешта по повод националниот празник како досега, а професорите и студентите најавија голем протест.

По неколку години неисполнети барања, унгарските професори, кои заработуваат од 410 до 950 евра месечно, го кренаа својот глас во знак на незадоволство од декретот донесен во февруари со кој сериозно им се ограничува правото на штрајк. Од почетокот на учебната година веќе неколку пати организираа масовни протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“

Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот.

Жерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“

Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди.

Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“.

Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски?

Тоа се сите оние што не се согласуваат со него.

Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен.

Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже.

Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава.

Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање.

На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани.

Мицкоски повторно избра да го дели народот.

Ова веќе не е патриотизам.

Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже.

И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза.

Животниот стандард секојдневно опаѓа.

Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата.

Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите.

Реформите стојат во место.

Или, како што и самиот Мицкоски кажува, тој ја клати државата, ги клати граѓаните во еден

привиден воз, а возот всушност не постои, а богами не постои ни шина.

Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува.

Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место.

Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија.

Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија.

Почитувани, Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“.

Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер.

Ние имаме шеф на една организирана криминална група.

Ете, тоа е Христијан Мицкоски.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин

ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин

Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта.

Тоа не е точно.

Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи - СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) - македонски граѓанин со македонска лична карта.

Нема странски агент.

Има само незадоволен граѓанин.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидоа да го претстават секојдневниот гнев на народот како „странска агентура“ и „бугарска провокација“.

Ова е класичен модел: кога граѓаните се бунат - лажат дека се странци.

Кога немаат резултати - бараат непријатели.

Кога се критикувани - ги нарекуваат граѓаните „талог“.

Реалноста е поинаква.

Граѓаните се незадоволни.

И тоа е целосно македонско незадоволство.

Како и секогаш, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО повторно лажат.

Граѓаните веќе се навикнати - со ВМРО-ОКГ вистината не постои.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“

Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри.

Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри.

По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура.

Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

Општина Аеродром продолжува посветено да инвестира во модерна, безбедна и квалитетна инфраструктура, за подобри услови за живот на сите свои жители.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер