Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“ - Канал 5

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека Унгарија би можела да го прекине снабдувањето со електрична енергија на соседна Украина ако Киев продолжи да се меша во испораките на руска нафта, јавува ДПА.

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“

„Не сакам да се заканувам или да прејудицирам ништо. Но, Украина добива значителен дел од својата електрична енергија преку Унгарија“, изјави Орбан синоќа пред унгарските новинари во Вашингтон.

Унгарскиот лидер рече дека Киев треба да престане со она што го опиша како обиди за создавање немири и „уцени“, додавајќи дека Будимпешта би можела да разгледа „одмазднички чекори“.

Од крајот на јануари во прекин е испораката на руска нафта преку Украина за Унгарија по гасоводот „Дружба“. Будимпешта и Братислава, кои во голема мера зависат од ова нафта, од средата ги прекинаа испораките на гориво за Украина, пренесува ДПА.

Орбан, кој се соочува со тешки парламентарни избори на 12 април, тврди дека Киев сака тој да ги изгуби изборите и се обидува да ги зголеми трошоците за греење во Унгарија со блокирање на гасоводот.

Без да презентира докази, тој тврди дека конзервативната опозициска „Партија за почитување и слободата“ (Тиса) е „финансирана од Украина“ и дека Украина, Европската Унија и Германија склучиле „таен пакт“ на неодамнешната Минхенска безбедносна конференција со цел да го отстранат од функцијата.

За прв пат по 16 години, Орбан се соочува со сериозен предизвик за неговата контрола на власта. Анкетите на јавното мислење во последните 18 месеци покажаа дека Тиса, предводена од Петер Маѓар, е во предност од осум до десет процентни поени пред Фидес на Орбан.

Откако Русија ја започна инвазијата врз Украина пред речиси четири години, Орбан се обиде да ја блокира помошта на ЕУ за Киев и санкциите кон Москва, нарекувајќи ја политиката на блокот кон Украина „военоподбуцнувачка“, потсетува ДПА.

Орбан ги даде овие забелешки по првиот состанок на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, новоформирано тело во кое Унгарија и Бугарија се единствените членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Словачка се одржуваат локални и регионални избори

Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.

Во Словачка се одржуваат локални и регионални избори

Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR.

Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија.

Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети.

Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште.

Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер