Орбан: Го повикувам Зеленски да ја промени својата антиунгарска политика - Канал 5

Орбан: Го повикувам Зеленски да ја промени својата антиунгарска политика

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави отворено писмо до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое ја критикува неговата политика кон Унгарија и го повикува да го промени пристапот во врска со руско-украинската војна.

Орбан: Го повикувам Зеленски да ја промени својата антиунгарска политика

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави отворено писмо до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое ја критикува неговата политика кон Унгарија и го повикува да го промени пристапот во врска со руско-украинската војна, енергетската безбедност и својата „антиунгарска политика“.

Во писмото, Орбан истакнува дека Украина веќе четири години се обидува да ја „принуди“ Унгарија на поддршка во војната против Русија, со поддршка на Брисел и унгарската опозиција. Тој ја обвини Украина за координирани напори со Европската унија и опозицијата во Унгарија за да постават проукраинска влада.

„Четири години работите на тоа да ја присилите Унгарија на војна меѓу вас и Русија. За тоа добивте поддршка од Брисел во изминатите четири години и исто така ја придобивте унгарската опозиција. Исто така гледаме дека вие, Брисел и унгарската опозиција преземате координирани чекори за да донесете проукраинска влада на власт во Унгарија“, наведе унгарскиот премиер, пренесува „Хирадо“.

Орбан посебно се осврна на потегот на Украина кој доведе до блокирање на клучниот нафтовод Дружба, што, како што тврди, го загрозува енергетското снабдување на Унгарија и безбедноста на нејзините граѓани.

„Вашите постапки се спротивни на интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и достапно снабдување со енергија за унгарските семејства“, рече тој.

Тој го повика Зеленски да ја промени „антиунгарската политика“, нагласувајќи дека Унгарија не сака да учествува во војната ниту да ги финансира борбите. Исто така, повика на отворање на нафтоводот и намалување на понатамошните напади врз енергетската безбедност на Унгарија.

„Ние, Унгарците, не можеме ништо да промениме поради оваа ситуација во Украина. Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната. Не сакаме да ги финансираме борбите и не сакаме да плаќаме поскапо за енергија“, истакна Орбан.

На крајот го повика Зеленски веднаш да го отвори нафтоводот Дружба и да се воздржи од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија.

„Повеќе почит кон Унгарија“, побара Орбан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов.

Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип.

Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не.

Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени.

СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО.

Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари ⁠наместо да ги стават во функција.

СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки.

Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии.

Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните.

Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени.

За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност.

Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма.

YouTube video

Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.

Денеска нови цени на горивата

Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер