ЕвропаОрбан го осуди прислушувањето на СијартоПремиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска го осуди „прислушувањето на член на владата“. Неговата осуда уследи откако „Вашингтон пост“ пред два дена објави дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто и пренесувал информации на Русија од Европска Унија. Прислушувањето на член на владата е тежок напад врз Унгарија, објави Орбан на Фејсбук, додавајќи оти го задолжил министерот за правда да го истражи случајот. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на актуелни и поранешни европски безбедносни претставници, објави дека Сијарто за време на паузата на состаноците на Советот на ЕУ телефонски го известувал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за што се дебатирало и за можните решенија. Но, весникот не наведе дека Сијарто бил прислушуван. „Вашингтон пост“ објави и дека руските разузнавачки служби ја разгледуваат можноста да влијаат врз кампањата за парламентарните избори во Унгарија на 12 април преку симулирање на обид за атентат врз Орбан. И Сијарто на Фејсбук ги демантираше наводите на „Вашингтон пост“ нарекувајќи ги „апсурдна теорија на заговор“. Тој посочи дека е шокиран од „фактот што бил следен од една или повеќе странски разузнавачки служби, со активна соработка на еден унгарски новинар“. Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека извештаите дека Унгарија споделува информации за ЕУ со Русија се загрижувачки, додавајќи дека Брисел очекува појаснување од Унгарија. Додека лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маџар го осуди евентуалниот чин на велепредавство. - Според сегашните информации, Петер Сијарто соработува со Русите и ги предава унгарските и европските интереси. Ова се чини дека е велепредавство, казниво со доживотен затвор, напиша Маџар на Фејсбук.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 1 јули се потребни дозволи за движење низ шуми Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, појасни дека мерката за движење во шумите не претставува целосна забрана, туку воведување обврска за издавање дозвола и евиденција на движењето.Според него, граѓаните и понатаму ќе можат да влегуваат во шумски предели, но со претходно обезбедена дозвола, која има превентивна цел и служи за следење и намалување на ризикот од шумски пожари во летниот период. Мерката доаѓа во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари, а надлежните апелираат на внимателност и одговорно однесување. Министерството за земјоделство претходно информираше дека ограничувањето ќе важи од 1 јули до 31 август 2026 година, согласно Законот за шумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБлагодарение на „Безбеден град“, бројот на загинати во сообраќај со пад од 40 процентиМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, а во обраќањето се осврна и на проектот „Безбеден град“.За истиот, Тошковски вели дека е еден од најзначајните кои го реализирале, претворајќи го во еден од клучните механизми за унапредување на безбедноста и модернизација на полициското работење. Проектот опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, коридорите 8 и 10 и негово проширување на национално ниво, преку воведување современи технологии за видео надзор и автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци. ‒ Особено значајни се првичните резултати од функционирањето на системот. Од почетокот на неговата примена, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти, односно 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година. До 22 јуни 2026 година, преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои повеќе од 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, истакнува министерот за внатрешни работи. Со предвидената динамика, до крајот на 2026 година се очекува проектот „Безбеден град“ да биде целосно имплементиран на територијата на државата, опфаќајќи ги поголемите градови и главните патни правци, со што ќе се постават темелите на модерен, ефикасен и превентивно ориентиран систем за заштита на безбедноста на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Бележиме најниско ниво на криминалитет во последните 20 години Министерот Панче Тошковски презентираше двегодишен отчет.Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство. Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го бележи најниското ниво на криминалитет во последните 20 години, како резултат на посветена и континуирана работа на полициските службеници и институциите. Во изминатиот период беа сузбиени над 30 организирани криминални групи, запленети се 6,2 тони разновидна наркотична дрога, при што заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300 проценти, а од нелегален промет се отстранети над 550 парчиња оружје. Воедно, имотниот криминал е намален за повеќе од 30 проценти, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40 проценти. Посебен акцент беше ставен на проектот „Безбеден град“, кој, како што беше истакнато, по долгогодишни најави конечно е реализиран и ставен во функција. Во првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, односно се регистрирани 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период минатата година. Во делот на меѓународната соработка, министерот Тошковски информираше дека денеска ќе биде потпишан договорот со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички активности за гранична контрола. Со тоа се заокружува системот на заеднички гранични проверки „One Stop“ со сите соседни држави кои не се дел од Шенген зоната, по претходно воспоставените системи со Република Србија и Република Косово. Министерот се осврна и на инвестициите во идните генерации полициски службеници, потенцирајќи дека по долг временски период повторно се воспоставува Средното полициско училиште, при што првата генерација ученици ќе започне со настава од 1 септември оваа година. Воедно, во изминатиот период беа отворени нови канцеларии за управни работи во повеќе општини каде што претходно немало вакви услуги, а значителен дел од потврдите и уверенијата граѓаните денес можат да ги добијат електронски, без чекање и без дополнителни административни процедури. На крајот од обраќањето, министерот Тошковски истакна дека постигнатите резултати претставуваат силна основа за продолжување на реформските процеси и понатамошно јакнење на институционалните капацитети, нагласувајќи дека пред Министерството остануваат уште многу предизвици и работа во насока на обезбедување сигурност, стабилност и владеење на правото, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter