Орбан: Единствени што навистина сакаат мир се САД - Канал 5

Орбан: Единствени што навистина сакаат мир се САД

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан во редовното интервју за радио „Кошут“ предупреди на зголемената опасност Европа да биде вовлечена во поширок вооружен судир, повлекувајќи паралели со периодот пред Првата светска војна.

Орбан: Единствени што навистина сакаат мир се САД

- Ниту тогаш никој не сакаше голема војна, но континентот сепак беше вовлечен во неа. Истата опасност постои и денес, рече тој, додавајќи дека Унгарија мора цврсто да се определи за мир.

Орбан оцени дека европските лидери отворено заговараат судир со Русија, но дека ситуацијата сепак е подобра од минатата година, бидејќи САД – преку својот претседател – сега поддржуваат примирје.

- Денес само една голема сила сака мир – САД, изјави Орбан.

Премиерот нагласи дека Унгарија треба да ги поддржи напорите предводени од Вашингтон и изрази очекување дека наскоро повеќе европски земји ќе изберат влади ориентирани кон мир. - Ако Европа навистина сака мир, треба да го поддржи американскиот претседател, додаде тој.

Орбан рече дека унгарската Влада се подготвува за претстојната средба со американскиот лидер на 7 ноември, која ја опиша како „унгарски ден во Вашингтон“, посветена на целосен преглед на билатералните односи и подготовка на нов договор за економска соработка.

Осврнувајќи се на финансирањето на Украина, Орбан изјави: „Кој ја поддржува Украина, ја поддржува војната“. Тој оцени дека Брисел нема сопствени средства, туку располага само со пари од земјите-членки, па секое дополнително финансирање на Украина би значело зголемување на даноци или задолжување.

- Тоа би било финансирање на војна без ниту еден слободен цент, рече тој, критикувајќи ја опозициската партија Тиса дека би „им ги земала парите на луѓето“.

Орбан потсети дека економската стратегија по 2010 година донела реални резултати. - Она што го предлагаат економистите од Тиса веќе беше пробано – и пропадна, рече тој.

- Економистот гледа бројки, но креаторот на економската политика гледа луѓе, додаде Орбан, нагласувајќи дека Владата нема да воведува мерки на штедење, туку ќе се фокусира на реалните потреби на граѓаните.

Тој најави 15-процентно зголемување на платите во социјалниот сектор и потврди дека воведувањето на 14-тата пензија е приоритетна цел. - Не треба да се менува пензискиот систем – треба да се зголемат пензиите, изјави Орбан, потсетувајќи на повторното воведување на 13-тата пензија што претходно била укината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати сообраќајни контроли од мај до август

Констатирани 10.411 прекршоци, откриени 619 кривични дела и одземени 423 мотоцикли и електрични тротинети

Зајакнати сообраќајни контроли од мај до август

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи во периодот од мај до август 2026 година спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон прекршоците сторени од возачи на електрични тротинети, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на контролите, полициските службеници констатираа вкупно 10.411 прекршоци, од кои 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, а 8.806 на мопеди, мотоцикли и трицикли.

Најголем број прекршоци, вкупно 7.303, се однесуваат на некористење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и 718 прекршоци за управување по несоодветна површина, 401 за управување нерегистрирани возила и/или возила без полиса за осигурување и 322 за некористење рефлектирачки елек.

Дополнително, евидентирани се 81 прекршок за управување од лице помладо од 18 години, 45 за управување под дејство на алкохол и 1.541 прекршок од друг вид.

Покрај прекршоците, во текот на акциските контроли откриени се и 619 кривични дела. Од нив, 604 се однесуваат на управување без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол и едно на управување во забранет правец.

Во рамки на преземените мерки, одземени се вкупно 423 превозни средства, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли, со посебен акцент на прекршоците и однесувањата што ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Целта е навремено откривање и санкционирање на прекршувањата на прописите, спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.

Апелираме до сите возачи ги почитуваат сообраќајните правила, да користат пропишана заштитна опрема, да не управуваат под дејство на алкохол и да не управуваат возила без исполнување на законските услови. Особено повикуваме на внимателност и одговорност кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Побезбедни патишта, посигурни животи. Безбедноста во сообраќајот не е случајност – таа е одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

На 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово.

Лишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер