Орав на средба со Србите и НВО од северно Косово - Канал 5

Орав на средба со Србите и НВО од северно Косово

Новиот шеф на канцеларијата на ЕУ во Косово, Аиво Орав, вчера на северот на Косово имаше повеќе средби со претставници на политичките партии и граѓанското општество од српската заедница.

Орав на средба со Србите и НВО од северно Косово

„Посветен сум на блиска соработка со моите колеги со цел да се осигурам дека обврските на Косово кон сите заедници се целосно исполнети“, порача амбасадорот на ЕУ на платформата Х.

Орав во седиштето на Српската листа се сретна со лидерите на оваа партија, а во седиштето на Канцеларијата на ЕУ во Северна Митровица се сретна со претставници на невладините организации од српската заедница, пишува КоССев.

Орав одржал уште една средба со Србите од северот на која, според фотографијата објавена од Канцеларијата на ЕУ, присуствувале, меѓу другите, Марко Јакшиќ, Милија Бишевац од Српското народно движење и претседателот на Српската демократија, Александар Арсенијевиќ.

Српската листа на Фејсбук објави дека побарала од шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово „конкретни акции“ на ЕУ за заштита на Србите од постапките на властите во Приштина.

На средбата била презентирана тешката положба на српскиот народ кој „секојдневно трпи репресии на режимот на (премиерот на Косово) Албин Курти“ чија цел, како што се наведува, е прогон на српскиот народ.

Претставниците на најголемата партија на Србите во Косово, која има поддршка од Белград, на состанокот побарале ЕУ „да заземе јасна позиција во осудата на однесувањето на режимот во Приштина“.

Тие побараа „поголемо вклучување на меѓународната заедница, деескалација на ситуацијата на северот и конкретни активности на ЕУ за заштита на српскиот народ“, се вели во соопштението.

„Клучот за проблемите на Србите е во почитувањето на правата на нашиот народ, но и на потпишаните договори чиј гарант всушност е ЕУ“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 30. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 30. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 30. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени.

Кариера

Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни.

Здравје

Читајте меѓу редови.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите.

Кариера

Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место.

Здравје

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило.

Кариера

Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени.

Кариера

Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата.

Здравје

Ќе бидете меланхолични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки.

Кариера

Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења.

Здравје

Не се натпреварувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома.

Кариера

Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе.

Кариера

Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни.

Здравје

Верувајте во подобри денови.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни.

Здравје

Треба повеќе да се рекреирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете.

Кариера

Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате.

Здравје

Служете се со интуицијата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце.

Кариера

Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок.

Здравје

Бидете подготвени на соработка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава.

Кариера

Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега.

Здравје

Имате право на одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери.

Здравје

Добро е што не ги комплицирате работите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најдобра навика за слабеење по 50-тата година не е броењето на калориите

Губењето тежина по 50-тата година станува потешко од претходно, бидејќи мускулната маса, хормоните и метаболизмот се менуваат со возраста.

  Најдобра навика за слабеење по 50-тата година не е броењето на калориите

Губењето тежина по 50-тата година станува потешко од претходно, бидејќи мускулната маса, хормоните и метаболизмот се менуваат со возраста. Поради ова, диетите што некогаш давале резултати честопати не се толку ефикасни. Нутриционистите истакнуваат дека решението не е во строгите диети или броењето на секоја калорија, туку во создавањето доследни навики во исхраната, пишува EatingWell.

Една од најважните навики е вклучувањето протеини во секој оброк. „Една од најдобрите навики за губење тежина по педесеттата година е да се даде приоритет на протеините во секој оброк“, вели нутриционистот д-р Лиза Јанг за EatingWell.

Зошто се важни протеините?

Јанг објаснува дека мускулната маса природно се губи со возраста, а токму мускулите помагаат во одржувањето на побрз метаболизам. Овој процес е познат како саркопенија, а истражувањата покажуваат дека диетата со висока содржина на протеини, во комбинација со вежбањето, може да помогне во зачувувањето на мускулите за време на губење на тежината. Протеините му обезбедуваат на телото градежни материјали неопходни за зачувување на мускулната маса.

Покрај тоа, протеините придонесуваат за подолго чувство на ситост и можат да ја намалат потребата за грицкање помеѓу оброците. Истражувањата покажуваат дека тие влијаат на хормоните што го регулираат апетитот, па затоа оброците богати со протеини можат природно да помогнат во намалување на внесените калории.

Нутриционистот Меги Бел препорачува консумирање од 30 до 50 грама протеини по оброк, бидејќи тоа го поддржува одржувањето на мускулите, го зголемува чувството на ситост и помага во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. За жените, протеините се особено важни за време и по менопаузата.

Падот на естрогенот го забрзува губењето на мускулната маса, што може да го забави метаболизмот и да го отежни одржувањето на тежината. Истражувањата покажуваат дека најдобри резултати се постигнуваат кога исхраната богата со протеини се комбинира со тренинг за сила, квалитетен сон и добро планирање на оброците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тимчо Муцунски во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо Муцунски

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо Муцунски

  Тимчо Муцунски во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо Муцунски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер