ЗабаваОптичка илузија која го “залуде“ интернетот: После 30 секунди се случува магија (фото)Доколку доволно долго гледате во сликата ќе се случи една многу интересна работа – имено, после 30 секунди гледање во сликата, боите ќе почнат да исчезнуваат. Troxler's fading: stare at a point on this image for ~10 seconds and the colors will disappear http://t.co/0jKYwZC9dd pic.twitter.com/m8gOIfqZwb — Vsauce (@tweetsauce) March 4, 2015 Овој феномен го открил швајцарскиот доктор Пол Трокслер во 1804 година, кога пронашол дека мозокот престанува да обрнува внимание на визуелните сцени кои не се менуваат. Како што објаснува „Verge”, овој феномен е сличен на облекувањето чорапи – свесни сте дека ги имате на себе додека ги облекувате, а додека ги носите не ги приметувате. Обидете се и вие. 20 Of The Best Optical Illusions, From The Troxler’s Fading Phenomenon To The Dress That Divided Twitter https://t.co/OaEPBCRSlp pic.twitter.com/ewQu0d1N07 — The Stars Post (@thestarspost) April 11, 2018 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКомисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот советСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание. На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter