Општина Велес подготвува „Велешко културно лето 2020" - Канал 5

Општина Велес подготвува „Велешко културно лето 2020"

Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани на отворено.

Општина Велес подготвува „Велешко културно лето 2020"

Настаните ќе се одржат во Амфитеатарот на Младинскиот парк на отворено, информира на денешната прес – конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, изложби, филмски проекции, мултимедијални проекти, перформанси и други културни манифестации. Сцената ќе биде отстапена на учесници од различни возрасти, а ќе имаат можност за настап и најмладите таленти од градот.

Тој појасни дека иако сè уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар на културни настани за своите граѓанки и граѓани.

Според динамиката на активности, во месец август ќе бидат организирани повеќе настани со уметници од градот и државата.

–Сите настани и активности ќе бидат организирани на отворено, согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19, појасни Коцевски.

Тој информира дека до 15 август ќе настапат само велешки уметници. Во втората половина ќе има Вис тркалезна маса со настап на поетско – музичкиот перформанс „Песни и звуци од чудната шума" и проектот „Лејдис енд џентлмен".

Инаку, програмата на Велешко културно лето 2020 започнува на 29 јули со јубилеен концерт за 25 годишнината на Балетското студио „Анабела".

На 1 август во пресрет на празникот Илинден ќе се одржи целовечерен концерт на народна староградска и новокомпонирана музика „Македонски ноти" од групата „Соната" и групата „Виртуз".

На 2 август вечерта во Амфитеатарот на Младинскиот парк ќе има проекција на филмот „Републиката во пламен" во рамките на филмските вечери.

На 4 август ќе има целовечерен концерт на евергрин поп-рок сцена на која ќе настапат „Тринити бенд".

На 5 август во Ликовниот салон ќе има изложба на фотографии „Велес низ старите фотографии".

На 8 август во Амфитеатарот на Младинскиот парк ќе се одржи целовечерен концерт џез подиум изведувачи се Авни авшад квинтед.

На 11 август во паркот на ООУ „Васил Главинов" предвидена е промоција на поезија за возрасни „Во градината има само љубов" од Лила Арсова и Филип Димкоски.

На 12 август на програмата е концерт на млади таленти на класична музика „Велешки видричиња" а ќе настапат младите уметници Љубица Малинова, Дора Пајдакова, Филип Костоски, Исмаил Дурмишовски и Даниела Теова.

Во Ликовниот салон на 13 август ќе се одржи јубилејна изложба на уникатни дела изработени со ориз и синапово семе на авторот Снежана Лазарова – Луна по повод 10 години од нејзиното творештво.

Целовечерен концерт „Сербес класика" на Градскиот камерен оркестар „Стефан Гајдов" е на програмата на 15 август на сцената на амфитеатарот на Младинскиот парк ./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис

Состојбата во Гостивар одамна ги исполнуваше условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис – вели во разговор за Канал 5 микробиологот Никола Пановски.

 Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис

Според него, потребна е итна реакција од епидемиолошките институции.

Целиот разговор на Дејан Трајковски со микробиологот Никола Пановски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден

Гостивар е пред прогласување на епидемија од гастроентеритис – бранот на заразата и натаму не стивнува, приемните одделенија на инфективна и педијатрија и натаму се полнат. 

Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден

Во изминатово деноноќие со препознатливите симптоми, повраќање и дијареа, помош побарале над 300 пациенти, повеќе од 100 се деца. Хоспитализирани се тројца возрасни, останатите се со полесна клиничка слика. Во меѓувреме во тек е епидемиолошкото анкетирање, но прагот, од Институтот за јавно здравје за прогласување епидемија е надминат, па се очекува во текот на денот да биде прогласена, што за Канал 5 потврди и Центарот за јавно здравје од Тетово, од каде ќе дојде прогласувањето. Таквата состојба треба да донесе до подобра координација на терен, а што се однесува до мерките, уверуваат дека истите се спроведуваат.

-Се надевам дека колегите од Центарот за јавно здравје кои согласно закон се надлежни да ја пријават епидемијата, дека во текот на денот ќе го сторат истото. Надминат е прагот на неделно ниво, тоа мора да се потенцира, дека проблемот со бројот на заразени е во текот на оваа недела. Она што е битно кога зборуваме за пријавување за епидемија, согласно законот, е дека тоа е едно невообичаено зголемување и во споредба со истиот период од претходните години. Она што морам да кажам дека треба да се земе предвид, за да се пријави епидемија треба да има и официјални пријави за заразна болест, до овој период се 140,- - Д-р Драган Кочински – Раководител на одделот „Епидемиологија на заразни заболувања.

Кочински вели дека засега нема индиција дека гостиварци се заразиле од нешто друго, односно причината е водата, но вели резултатите од мострите од водата и микробиолошките мостри од пациентите ќе бидат готови во текот на утрешниот ден, кога точно ќе бидат соопштени резултатите, но и предадени во обвинителството. Што се однесува до проблемот со земањето на примероци од водата, за кои според надлежните на терен имало проблем да се подигнат оти физички им оневозможиле група на граѓани, од СВР Тетово уверуваат дека такво нешто воопшто не се случило.

-Според официјалните евиденции и проверки на ОВР Гостивар, не се регистрирани лица кои ги спречувале или оневозможувале надлежните да земаат мостри од водата за испитување. Во текот на постапката, во просториите на ОВР Гостивар на службен разговор се повикани три лица одговорни во ЈП Водовод и канализација „Комуналец“ Гостивар со цел расчистување на сите околности поврзани со овој случај,- СВР Тетово.

Во меѓувреме на сила останува забраната за користење на водата за било каква цел која ја издаде АХВ, а епидемиолозите препорачуваат истата да не се користи ниту по превривање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ескалира конфликтот меѓу Иран и САД – убиени двајца американски војници

Двајца американски војници загинаа, еден се води како исчезнат, а повеќемина беа повредени во ирански напад врз воена база во Јордан...

Ескалира конфликтот меѓу Иран и САД – убиени двајца американски војници

Како резултат на нападот, американската војска соопшти дека веднаш возвратила со нов бран воздушни напади врз ирански позиции, при што биле погодени крајбрежни системи за набљудување, противвоздушна одбрана, складишта за ракети и дронови и капацитети на иранската револуционерна гарда.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на војниците во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Со последните жртви, бројот на загинати американски војници од почетокот на војната се зголеми на 16, додека повеќе од 420 се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер