Општина Сарај нема да ги легализира дивоградбите на Матка

Дали е на повидок расплет околу сагата со дивите платформи на Матка? Градоначалникот на Сарај ги викна новинарите да им каже дека ќе ги одбие сите барања за легализација на платформи, но и дека нема да ги руши.

Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети вели дека ќе ги одбива барањата за легализација на дивоградбите на Кањонот Матка но не прецизираше кога планиера тоа да го направи. Изјавата на градоначалникот следи по вчерашната одлука на антикорупцискката комисија да отвори предмет по допрен глас, откако сите институции се прогласија за ненадлежни

,,Јас не сум за легализација, но мора да се запази постапката.

Градоначалниокот Беџети посочи дека му било кажано оти без негова согласност градот Скопје ќе основа јавно претпротие за стопанисување со Матка

,, Јас ги повикувам тие институции не може ни градот Скопје ни Петре така на своја рака да земе надлежност,,

Од Град Скопје велат дека ја охрабруваат општина Сарај да постапи согласно законските надлежности кога се во прашање дивоградбите.

Општина центар нема надлежност да одзема ингеренции

Инаку денеска Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави дека утре же ги повика сите инспекциски служби надлежни за случајот.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

Специјално отворено студио на Канал 5

Претседателски и парламентарни избори 2024. Специјално отворено студио на Канал 5. Информации, анализи, директни вклучувања…

Кој ќе биде новиот македонски претседател? Која партија ќе биде најбројна во парламентот? Кои се можните постизборни комбинаторики. Над 10 политички експери ќе ги анализираат резултатите и кои се идните сценарија…

Горан Момироски, Љупчо Зиков, Драган Павловиќ, Љуљзим Фаризи, Зоран Бојаровски, Јован Донев, Никола Пановски, Петар Арсовски, Срѓан Керим, Борјан Јовановски, Алберт Муслиу.

Почнуваме веднаш по централните вести во 18 и 30 заедно со Александар Видиновски и Елизабета Галевска.

Утре Македонија одлучува – специјално отвoрено студио - претседателски и парламентарни избори на Канал 5!

притисни ентер