Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со повлекувањето на водата од Преспанско Езеро - Канал 5

Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со повлекувањето на водата од Преспанско Езеро

Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со наглото повлекување на водата на Преспанско Езеро, изјави за МИА, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

Општина Ресен со владина поддршка ќе го решава проблемот со повлекувањето на водата од Преспанско Езеро

Преспанско Езеро, потенцира, е прогласено за споменик на природата, а како задолжен за чување, грижа и одржување на овој споменик на природата, навремено со соработниците презедовме мерки за заштита на езерото и секако ја информирав македонската Влада.

-Не сме осамени во мерките за заштита на Преспанското Езеро. Напротив на мое барање и предложен заклучок, добив целосна владина поддршка за преземање итни мерки за заштита за езерото. Според заклучокот, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира работна група од надлежни институции, стручните лица во најкус рок ќе извршат увид на состојбата со водостојот на Преспанското Езеро и ќе изработат извештај за причините за енормното повлекување на водата. Исто така, очекувам да предложат конкретни мерки и активност за спречување на понатамошното повлекување на водата од езерото, истакна Гошаревски.

Градоначалникот Гошаревски очекува во заедничките мерки и активности за заштита на Преспанското Езеро од повлекување на езерските води да се вклучат, и свои анализи и видувања да понудат пограничните општини од соседна Грција и Албанија, а се со цел да се стабилизира водостојот на Преспанско Езеро. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години.

По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н.

Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“

Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат мерки

Тајфунот Делфин се очекува да го погоди источниот брег на Кина во недела, со ветрови до 162 километри на час (100 милји на час), бидејќи повеќе од 500 бродови се евакуирани од пристаништето Јангшан во Шангај поради бурата.

Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат мерки

Тајфунот Делфин се очекува да го погоди источниот брег на Кина во недела попладне, со очекувани обилни дождови и ветрови, а пристаништето Јангшан во Шангај им нареди на повеќе од 500 бродови да се вратат во пристаништето, соопштија кинеските власти.

Во очекување на тајфунот, властите во Кина ги преместија работниците што работат на брегот на безбедно место и ги засилија проверките на акумулациите, планинските потоци, областите склони кон лизгање на земјиштето, градилиштата и туристичките места, објави Ројтерс.

Се очекува тајфунот да го погоди брегот во вечерните часови со постојани ветрови до 162 километри на час, пред да ослабне и да се движи кон внатрешноста, соопшти Националниот метеоролошки центар на Кина.

Тајфунот Делфин веќе помина низ јужната јапонска префектура Окинава, каде што неговите удари повредија шест лица, а повеќе од 50.000 корисници останаа без електрична енергија.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нисан учи од Кинезите: Развојот на нов автомобил сега трае двојно пократко!

Новата генерација на Нисан Скајлајн е развиена за само 26 месеци.

Нисан учи од Кинезите: Развојот на нов автомобил сега трае двојно пократко!

Нисан значително го скрати времето потребно за развој на нови модели, а компанијата признава дека голем дел од својата инспирација ја пронашла во начинот на кој работат кинеските производители.

Компанијата претходно потрошила околу 50 месеци развивајќи целосно нов автомобил, додека овој период сега е скратен на 37 месеци. Некои модели можат да се развиваат за само 30 месеци, што е за околу 40 проценти побрзо од претходно.

Еден од најдобрите примери е новата генерација на моделот Скајлајн, чиј развој е завршен за само 26 месеци.

Кинескиот рецепт за побрз развој

Казујуки Јамагучи, извршен директор на Нисан, вели дека компанијата повеќе нема време за долгорочни процеси и инсистирање на совршенство во секој детаљ.

Наместо да развива неколку различни дизајнерски решенија, Нисан сега ги групира моделите во семејства со заеднички технички основи. Ова овозможува дел од работата да се користи повторно, а развојот станува многу побрз.

Дигиталните технологии исто така играат голема улога. Нисан сè повеќе користи вештачка интелигенција, дигитални близнаци, виртуелна реалност и виртуелно тестирање, што ја намалува потребата од физички прототипови.

Компанијата ја промени и организацијата за развој. Наместо повеќе менаџери кои можат да имаат различни мислења и да го забават процесот, главната одговорност сега е на директорот на програмата, додека главниот инженер е одговорен да се осигура дека автомобилот ги исполнува поставените цели.

Кинезите се уште се побрзи

Иако Нисан постигна голем напредок, сè уште не може да го следи темпото на кинеските производители. Тие можат да развиваат нови модели за само 18 до 24 месеци.

Јамагучи верува дека дел од разликата произлегува од различната деловна култура. Кинеските компании можат да работат практично нон-стоп, додека таков начин на работа во Јапонија не е можен.

Затоа, Нисан се обидува да го забрза развојот без да жртвува квалитет, бидејќи, како што вели компанијата, брзината на лансирање нови производи на пазарот стана прашање на преживување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер