Општина Кисела Вода: ​Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра - Канал 5

Општина Кисела Вода: ​Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра

Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите.

Општина Кисела Вода: ​Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра

По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето.

-Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја завршија санацијата на реквизитите кои минатата седмица беа цел на намерно уништување и полевање со моторно масло. Најостро го осудувам овој чин на намерно уништување. Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат, да биде цел на ваков срамен вандализам. Како општина, континуирано вложуваме сериозни средства за изградба на нови и обнова на постоечките игралишта, со цел да овозможиме подобри услови за сите. За жал, кога неодговорни поединци намерно ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење на веќе изграденото.

Со цел да се спречат вакви инциденти во иднина, Општина Кисела Вода воведува засилен инспекциски надзор на јавните површини. Воедно, испраќам силен апел до сите граѓани дека чувањето на јавните добра е наша заедничка граѓанска должност. Доколку забележите какво било деструктивно однесување, веднаш пријавете кај надлежните институции, за сторителите да бидат соодветно санкционирани. Да бидеме совесни и заедно да го чуваме просторот каде што растат нашите деца-истакна градоначалничакта Бети Стаменковска Трајковска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри

Пратениците цел ден расправаат за реконструкцијата на Владата, со која во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски ќе се сменат 8 министри.

Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри

Со последните информации, од пред собранието ја имаме Јана Јосифовска.

Исходот е извесен со оглед на големото владејачко мнозинство, единствено неизвесно е кога ќе биде гласањето.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека денеска бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба.

-Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев.

Опозиската СДСМ, преку соопштение ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожари

Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари.

Превентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожари

Во насока на намалување на ризикот од пожари на отворен простор, тим составен од претставници на Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи (ПО на РЦУК) Свети Николе, ОВР – Полициска станица Свети Николе, ТППЕ Свети Николе и ПШС „Шумарство“ Свети Николе спроведува заедничка координативна превентивна акција за заштита од пожари на територијата на општините Свети Николе и Лозово.

Во рамките на акцијата се посетуваат населени места, каде на средбите со граѓаните се укажува на опасностите и последиците од предизвикување пожари, а се дистрибуира и промотивно-едукативен материјал со препораки за превенција. Паралелно, се вршат контроли во шумските подрачја со цел да се утврди дали се почитува забраната за движење во шумите.

Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари, во соработка со општините Свети Николе и Лозово, со цел подигнување на јавната свест и намалување на ризикот од појава на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер