Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
1Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
МакедонијаОпштина Карпош ја реконструира улицата „Атинска“ во УЗ „Владо Тасевски“Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“.Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со комбинација на бекатон елементи и асфалт. „Започнуваме целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“ која ќе биде завршена за 30 дена. Ги замолуваме нашите граѓани за трпение и разбирање за време на градежните активности“ – истакна Лукровски. Проектот опфаќа реконструкција на улицата во должина од 435 метри, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за завршување на реконструкцијата на улицата е 30 работни дена. Општина Карпош продолжува со континуирани вложувања во подобрувањето и модернизацијата на локалната инфраструктура, со цел создавање безбедна, функционална и квалитетна урбана средина. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаПетнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки. Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате. Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилствоДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат.Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, заклучно со денес. Податоците покажуваат и значително унапредување на ефикасноста во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година, заклучно со денес, процесуирани се 52 случаи и изречени се 23 мерки на претпазливост. Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесуирани по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати, што укажува на побрза, поорганизирана и поодлучна институционална реакција. Министерот Тошковски истакна дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита за секоја жртва, како и брза и решителна реакција кон сторителите, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
СветТрамп за средбата со Зеленски: Му реков: „Сакам оваа војна да заврши“Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека одржува добри односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со Владимир Зеленски, и покрај тековниот конфликт во Украина.-Во добри односи сум и со двајцата. Во добри односи сум со претседателот Путин. Во добри односи сум со претседателот Зеленски - рече Трамп за време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба. Тој истакна дека му рекол на Зеленски оти сака војната да заврши. Би сакал тој да ја заврши војната... Му реков: ;Сакам оваа војна да заврши; им изјави Трамп на новинарите. Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа во вторникот вечерта, а средбата се одржа зад затворени врати. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп наводно се согласил да му додели на Киев дозволи за производство на пресретнувачки ракети за противвоздушните ракетни системи Патриот. Самиот Трамп, без да наведе детали, рече дека разговорите со Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале многу добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00