Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки поради одржувањето на хигиената - Канал 5

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки поради одржувањето на хигиената

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи. Поплаките се во континуитет на една тема – одржувањето на хигиената.

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки поради одржувањето на хигиената

Граѓаните на Карпош кои што живеат во индивидуални станбени објекти никогаш не се жалеле на подигнувањето на кантите за смет. Тие секогаш и редовно се подигаа два пати неделно, во сите индивидуални населби. За жал, последниве десетина месеци сведоци сме на нередовно подигнување на кантите со смет во Влае, Тафталиџе 1, Тафталиџе 2, Млечен ресторан, цело Козле, Трнодол, Жданец, Нерези. Од два пати, почнаа да ги подигнуваат еднаш неделно, а некогаш ниту еднаш. Иако граѓаните плаќаат ѓубретарина и за куќата и за дворот, собирачите на смет одбиваат да ги подигнат уредно спакувани кеси со кастрени огради или со косена трева. Значи воведуваат нови правила кои само нив им одговараат. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. Собирање на сметот од пред колективните станбени згради од секогаш повеќе или помалку бил рак рана. Но, сега ова состојба е доведена до ужас. Готово да нема контејнери кои се преполни со смет како и околината околу нив.

Ова произлегува од нередовното собирање на истиот и крајно стихијно неорганизирано и неодговорно за јавно претпријатие кое има исклучително важна задача за да метрополата ни изгледа поубаво. Граѓаните на Карпош, од сите граѓани во Градот Скопје се најдобри плаќачи на сметките за смет. Значи Карпош има највисок процент на наплата и ЈП комунална хигиена, најмногу приходи собира од оваа општина.

Граѓаните на општина Карпош ваков однос на ЈП Комунална хигиена не можат повеќе да толерираат и затоа локалната самоуправа упатува апел до ЈП Комунална хигиена:

ВЕ МОЛИМЕ ПОДОБРЕТЕ ГО ВАШИОТ РАБОТЕН ОДНОС КОН ОПШТИНА КАРПОШ. ВРШЕТЕ ЈА РАБОТАТА ЗА КОЈА ШТО ЗЕМАТЕ ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ. ВО СПРОТИВНО НАШИТЕ КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ПИШУААТ СЕКОЈДНЕВНИ КАЗНИ ЗА СЕКОЕ МЕСТО КАДЕ ИМА КОНТЕЈНЕРИ КОИ СЕ ПРЕПОЛНИ.

Општина Карпош како дел од Градот Скопје нема намера да војува со ЈП комунална хигиена. Само во името на граѓаните бараме драстично да се подобри индивидуалната хигиена. Во спротивно ќе бидеме принудени да пишуваме казни на правното лице и на одговорното лице во правното лице. Од вторник , 22 април, инспекторите на општина Карпош ќе започнат со контрола на теренот и со преземање на законски мерки. Доколку Комунална хигиена го сфати нашиот апел сериозно и ја подобри својата работа, општина Карпош јавно ќе се заблагодари и ќе го пофалиме коректниот однос на менаџментот на ова претпријатие.

Општина Карпош

Педофил намамувал деца во Грција да влезат во неговиот автомобил- го уапсиле на Велигден

Вистинска драма се одвивала во јужна Грција на Велигден, кога непознат маж намамувал три момчиња во својот автомобил.

Педофил намамувал деца во Грција да влезат во неговиот автомобил- го уапсиле на Велигден

Момчињата на возраст од 9, 10 и 13 години во неделата си играле пред куќата на нивната баба во село во близина на Терме, кога непознат маж на возраст од 40 години го запрел својот автомобил пред дворот и почнал да ги намамува момчињата внатре, објави ЕРТ.

„Ајде, да одиме да се прошетаме“, упорно им кажувал човекот на децата.

За среќа, децата биле доволно свесни да не влезат во автомобилот, а едно од нив почнало да паничи и да повикува помош. Соседот кој ги слушнал врисоците веднаш истрчал надвор, поради што осомничениот педофил нагазил на гас и се оддалечил.

Бабата на момчињата сè уште не можела да се опорави од шокот и добила стрес само размислувајќи што би можело да се случи доколку момчињата наивно влегле во автомобилот.

"Беа толку исплашени. Влегоа во куќата и се тресеа. Ми кажаа како мажот им рекол да влезат во кола, да ги однесе на возење", вели бабата на трите момчиња.

Родителите на едното момче веднаш повикале полиција, која извршила истрага и брзо го идентификувала осомничениот. Според грчките медиуми, станувало збор за странски државјанин кој возел без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба.

Веднаш е приведен и утре треба да биде сослушан кај истражен судија. Тој се товари за обид за киднапирање на малолетно лице, возење без дозвола и возење под дејство на алкохол.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Бил сосема обичен ден. Постара госпоѓа седела пред куќата, пиела кафе и се подготвувала за работа.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Имало многу за чистење во дворот, но прво таа се одморила. Сепак, нејзиното уживање кратко траело, бидејќи наеднаш започнала бура, објави Итемфикс.

Сè полета!

Сè во дворот одлетало и настанал хаос! А потоа ветрот го подигнал лимениот покрив кој паднал токму пред нозете на несреќната жена.

Имала неверојатна среќа и не била сериозно повредена. Единствено што таа морала да го среди настанатиот хаос.

Како изгледаше драматичниот настан, погледнете во продолжение:

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли обвинувањата на Украина за вмешаност на кинески компании во производството на воена опрема за Русија, нарекувајќи ги „неосновани“.

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Оваа изјава ја даде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун како одговор на повикувањето на кинескиот амбасадор од страна на украинското МНР, пишува Укринформ, повикувајќи се на Глобал Тајмс.

„Веќе јасно ја кажавме позицијата на Кина за релевантните прашања. Кина цврсто се противи на неоснованите обвинувања и политичките манипулации“, рече портпаролот.

„Кинеските компании произведуваат оружје на руска територија“

Како што објави Укринформ, на 22 април, кинескиот амбасадор Ма Шенгкун беше повикан во украинското Министерство за надворешни работи поради наводи дека кинески државјани учествувале во борбите на страната на Русија и дека кинеските компании произведуваат оружје на руска територија.

Заменик министерот за надворешни работи Јевхен Перебинис за време на средбата истакна дека доказите за учеството на кинеските граѓани во војната против Украина, како и вмешаноста на кинески компании во военото производство во Русија, предизвикуваат сериозна загриженост и се во спротивност со духот на партнерството меѓу Украина и Кина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на 7 април изјави дека Украина добила информации дека Кина и доставува оружје на Русија - конкретно барут и артилерија. Кина на 18 април одговори дека не испорачала смртоносно оружје на ниту една страна во војната.

Кинеското Министерство за надворешни работи уште еднаш ги отфрли сите обвинувања, нагласувајќи дека тие се политички мотивирани и неосновани.

притисни ентер