МакедонијаОпштина Илинден во фокусот на регионалниот економски развој со „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“Регионалниот саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“ со голем успех се реализира во општина Илинден и денес го заокружува тридневното издание, оставајќи силен впечаток како еден од најзначајните економски настани во регионот.Спортската сала „Гоце Делчев“ беше центар на интензивни деловни активности, каде над 70 компании од различни стопански сектори: индустријата, градежништвото, земјоделството, туризмот, угостителството и новите технологии, ги претставија своите производи, услуги и иновативни решенија. Големиот интерес и масовната посетеност уште еднаш ја потврдуваат важноста на саемот како значајно место за економско поврзување и развој. Саемот привлече голем број граѓани, а беше посетен и од градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заменик-министерот за економија и труд Маријан Ристески, пратеничката Драгана Бојковска, директори на јавните установи во општината, советници, ученици, како и бројни претставници од бизнис заедницата, што придонесе за динамична и продуктивна атмосфера. „ЕКСПО ИЛИНДЕН прераснува во препознатлив настан што ги обединува институциите, бизнис секторот и граѓаните. Овој настан е потврда дека нашите заложби за создавање поволна деловна средина даваат конкретни резултати и дека Илинден сè повеќе се позиционира како економски центар.“, истакна градоначалникот Георгиевски. Со одржувањето на „ЕКСПО ИЛИНДЕН“, Општина Илинден дополнително го потврдува својот капацитет да биде двигател на локалниот и регионалниот економски развој. Преку ваквите иницијативи се создаваат нови можности за деловно поврзување, размена на искуства и поттикнување на инвестиции, со што Oпштината гради современа, конкурентна и одржлива деловна средина во интерес на граѓаните и стопанството. Општина ИлинденТагови: Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Кремљ станува исклучително опасен“Литванскиот претседател Гитанас Науседа денес потврди дека разузнавачките служби добиле информации за можни руски провокации во Полска или балтичките држави, чија цел би можела да биде тестирање на единството на НАТО.Во интервју за „BNS“, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз критични инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги енергетските и транспортните мрежи, кои би можеле да се извршат со различни средства. „Не можам да негирам дека имаме такви информации и дека зборуваме за целни операции кои, многу веројатно, би можеле да бидат насочени кон критични инфраструктурни објекти“, рече литванскиот претседател. Тој изјави дека поради овие проценки, мерките за заштита на клучните објекти во земјата се зајакнати, особено оние важни за функционирањето на енергетскиот систем и поврзувањето на Литванија со европската мрежа. Според него, можните руски активности би можеле да вклучуваат физичко оштетување на инфраструктурата, од саботажи до напади со беспилотни летала. „Сè што може да го запре функционирањето на овие објекти мора да се сфати сериозно“, рече Науседа. Зборувајќи за војната во Украина, литванскиот претседател оцени дека ситуацијата во Кремљ се влошува и дека Русија станува се поопасна поради растечкиот притисок предизвикан од последиците од војната и украинските напади врз руската инфраструктура. „Кремљ станува исклучително опасен, бидејќи во очај почнува да разгледува работи што претходно не ги разгледувал“, рече Науседа. Тој додаде дека Литванија не смее да се потпира на фактот дека ризиците ќе се намалат, туку мора да биде подготвена да одговори на можни закани. Извор: Б92Тагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во КумановоМисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир.Со свечена церемонија денеска (15 јули) во касарната „Боро Менков“ во Куманово заврши уште едно успешно поглавје на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) чие седиште изминативе шест години беше во нашата држава, по што истата врз принципот на ротациона основа својата мисија ќе продолжи да ја извршува во Истанбул, Република Турција Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати на денешната завршна церемонија кој пред присутните истакна дека во текот на овие шест години мандат, нашата држава покажа дека успешно придонесува за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност и покажа дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер. На свеченоста на која присуствуваа началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници на земјите членки на Процесот за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM), воено-дипломатскиот кор, претставници од Армијата и МО и други високи гости, Мисајловски нагласи дека присуството на Командата овде во Куманово во изминативе шест години овозможи дополнително зајакнување на односите со земјите учеснички. „Шест години достигнувања, зајакната доверба и трајни пријателства. Тоа е SEEBRIG! Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме – меѓусебна доверба, партнерство, солидарност и заедничка одговорност за мирот, стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа“ потенцира министерот Мисајловски и додаде дека оваа иницијатива ја прикажува нашата јасна и цврста определба за регионална соработка, колективна безбедност и почитување на принципите. Во своето обраќање Мисајловски се заблагодари на локалната самоуправа и на граѓаните на Куманово за покажаното гостопримство, како и на сите команданти и припадници на Командата кои служеа овде во Куманово, за нивната посветеност и придонес во исполнување на мисијата. По повод завршувањето на мандатот на Командата на SEEBRIG и во чест на одличната соработка и поддршка во изминатиот период, командантот на Командата, бригадниот генерал Билбил Битри на министерот Мисајловски му го врачи знамето на Бригадата. На денешната церемонија присуствуваа претседавачот на СЕДМ Секретаријатот, амбасадорот Елефтериос Ангелопулос, замениците министри за одбрана на Албанија, Пранвера Скана, на Бугарија, Љубомир Монов, и на Турција, Муса Хејбет, како и замениците на началникот на Генералштаб на останатите земји-членки на Бригадата – Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВонредна состојба во Атланта пред полуфиналето Аргентина- АнглијаВонредна состојба во Атланта – полицијата стравува од Англичаните и Аргентинците. Властите во Атланта најавија засилени безбедносни мерки пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Англија и Аргентина кој стартува во 21 чааот– едно од најголемите ривалства во историјата на меѓународниот фудбал. Ова ќе биде ново продолжение на едно од најголемите ривалства во историјата на фудбалот – натпревар исполнет со емоции, контроверзии, легенди и играчи подготвени да испишат нова страница од историјата. Полицијата во Атланта објави дека за време на натпреварот ќе бидат ангажирани поголем број членови на безбедносните служби, особено околу стадионот, фан-зоните и други места каде што се очекува голем број луѓе. „Дополнителен персонал и ресурси веќе се распоредени низ градот за да се обезбеди безбедно и пријатно искуство за сите граѓани и посетители за време на овој историски настан“, се вели во соопштението. Полицијата истакнува дека целта на овие мерки е да се заштитат граѓаните, да се спречат можни инциденти и да се зачува јавниот ред. Дуелот меѓу Англија и Аргентина одамна ги надмина границите на спортот поради историски настани, првенствено војната за Фолкландските Острови во 1982 година, која остави длабока трага врз односите меѓу двете земји. По победата на Аргентина над Египет во осминафиналето (3:2), некои аргентински фудбалери беа снимени како пеат навивачка песна во која се спомнуваат Фолкландските Острови, Диего Марадона и Лионел Меси. Секако во историјата на спорот е влезен и дуелот меѓу истите селекции од далечната 1986 година кога предводникот на „гаучосите“ Диего Марадона постигна два волшебни гола, првиот со т.н „Божјата рака“ а вториот со неверојатен слалом низ одбраната на Англија низ целиот терен, гол кој се смета за најубавиот гол во историјата на фудбалот. Вечерашната пресметка е интересна и поради фактот што ова ќе биде дебитанскиот меч на Меси против Гордиот Албион на светско првенство. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter