Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден - Канал 5

Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.

Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден

Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во летниот период кога потрошувачката на вода е зголемена.

За поефикасно управување и одржување на мрежата, долж трасата се поставени нови јазли, приклучни точки и затворачи. Тие овозможуваат одделни делови од водоводната мрежа да се изолираат при евентуални дефекти или сервисни интервенции, со што се намалува потребата од прекини во водоснабдувањето на поголем број корисници.

Со реконструираната водоводна мрежа се унапредува и противпожарната заштита во овој дел од општината. На новата линија се поставени вкупно 20 нови противпожарни хидранти, од кои 10 подземни и 10 надземни, со што се обезбедува подобра достапност до вода за потребите на противпожарните интервенции долж целата траса.

Со реализацијата на проектот ќе се подобри водоснабдувањето на улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 15, 19, 24, 26, 28, 30, 32, 34, 35 и 36 во населено место Илинден, како и водоснабдувањето во Стопанскиот комплекс Илинден и во дел од населеното место Марино, со постабилен притисок и проток, намалени загуби и помал ризик од дефекти и прекини. Со ова, Општина Илинден продолжува со унапредување на комуналната инфраструктура и создавање посигурни услови за жителите.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Стотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати.

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале.

Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади.

Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. 

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот Нино Васев, доктор Владимир Даниловски, на денешното рочиште во основниот кривичен суд Скопје.

Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Дополнително, од вкупно 35 лекари на Клиниката за онкологија, во лекувањето на овие пациенти учествувале 28 лекари.

Во случајот се обвинети поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување пациенти.

Обвинението ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти наводно биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер