Општина Илинден по половина век доби нов здравствен дом со 14 ординации - Канал 5

Општина Илинден по половина век доби нов здравствен дом со 14 ординации

Премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот здравствен дом во Илинден нагласи дека денешниот чин претставува отворање врата кон една поодговорна, похумана и поблиска држава кон граѓанинот.

Општина Илинден по половина век доби нов здравствен дом со 14 ординации

-Градиме темели на промените, затоа што тоа го ветивме и тоа го реализираме. Денес овде во Илинден отвораме нешто што е повеќе од амбуланта – отвораме врата кон една поодговорна, похумана и поблиска држава кон граѓанинот. Ова е само почеток. Ќе продолжиме со реновирања, со вложувања, со нови објекти, нова опрема, со повеќе мотивација за здравствените работници, но и со повеќе грижа за секој човек во Македонија, истакна Мицкоски во обраќањето на настанот, на кој присустуваа и министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.

Мицкоски нагласи дека во здравствениот дом во Илинден се вложени вкупно 25 милиони денари.

-Но вредноста на овој објект е далеку поголема од паричниот износ. Таа се мери во сигурноста на родителите дека нивните деца ќе имаат здравствена грижа блиску до домот, во спокојот на повозрасните жители кои веќе нема да мораат да патуваат далеку за преглед, во достоинството на здравствените работници кои конечно добиваат услови какви што заслужуваат, истакна премиерот.

Нагласи дека сето ова е заеднички труд на Министерството за здравство, на Владата, и на локалната самоуправа на Илинден.

-Ова е моделот на функционирање кој го промовираме – соработка наместо изговори, дела наместо зборови. Оваа амбуланта е дел од нашата поголема заложба – да го обновиме, модернизираме и зајакнеме здравствениот систем во целата држава, рече Мицкоски.

Тој потсети дека изминатиот период целосно е реновиран Одделот за ургентна инфектологија и интензивната нега во Инфективната клиника, во Општата болница во Гостивар реновирани се неколку одделенија, како и во Клиничката болница Тетово. Ги спомена и реновирањата на радиологија, на хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, а интензивно се работи и на клиниката Карил.

-Ова не се одвоени активности – ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство. Ние не градиме само објекти – градиме доверба, достоинство и една нова надеж во македонското здравство. Надеж во која пациентот е во центарот, а државата се грижи за него, во секој град, во секое село, во секој дом, истакна Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дрон погоди мост на реката Днепар во Запорожје

Пет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје.

Руски дрон погоди мост на реката Днепар во Запорожје

Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје.

Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа.

Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош.

Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје.

Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер