Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров одбележа 24 години од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски бачилаОпштина Ѓорче Петров денеска одбележа 24 години од херојската жртва на деветтемина бранители кои во 2001 година ги положија своите животи кај Љуботенски Бачила, бранејќи ја слободата и независноста на Република Македонија.Во присуство на семејствата на загинатите, претставници на државни институции, локалната самоуправа, армиски и безбедносни структури, граѓани и соработници, беше оддадена почит со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, на Споменикот на бранителите во реонскиот парк и на Споменикот на хероите во Волково. Општината со овој чин ја продолжува традицијата на сеќавање на деветтемина херои: Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски – македонски синови кои со својата жртва ја одбранија слободата, независноста и достоинството на државата во 2001 година. На централниот настан се обрати градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој нагласи дека споменот на хероите не смее да избледи, а нивната жртва мора да остане длабоко врежана во нашата национална свест. -Тие не се само имиња – тие се нашата колективна совест, нашиот завет и нашиот обврзувачки спомен. Нивната храброст ја искова слободата што денес ја живееме. Нашата обврска е да паметиме, но и да раскажуваме – да ја пренесеме нивната жртва на идните генерации. Аманет на сите нас, особено на младите, е да ги носат нивните имиња во срцето и во делата – како вечна искра на слободата што тие ја исковаа, рече Стојкоски во своето обраќање. Градоначалникот упати благодарност до семејствата на бранителите, посочувајќи дека болката што ја носат тие е заедничка болка на целото општество, но и причина за заедничка гордост. Во изминатите години, Општина Ѓорче Петров реализираше низа активности и мерки насочени кон поддршка на семејствата на бранителите, како дел од трајниот завет да не се заборави нивната жртва. Со секој ваков настан, општината ја потврдува заложбата на сеќавање, но и на негување на вредностите на државата, како аманет од оние кои ги положија животите за слободна татковина. -Ова одбележување не е само формален чин – тоа е морална обврска кон оние кои го дадоа најскапоценото за сите нас. Честа и достоинството со кои денес им се оддава признание е најмалку што може да се направи за да се одржи нивниот спомен жив. Нека нивните имиња се изговараат со почит и гордост. Вечна им слава и благодарност. Да живее Република Македонија - подвлече Стојкоски.Тагови: Љуботенски бачила Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБогдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво РангеловиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook