Општина Ѓорче Петров го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“ - Канал 5

Општина Ѓорче Петров го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“

Општина Ѓорче Петров, во соработка со ЕУ за чист воздух - проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од UNOPS, успешно го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“.

Општина Ѓорче Петров го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“

Како што велат од локалната самоуправа, со замената на досегашниот извор на енергија и оптимизацијата на системот за греење, емисиите на загадувачки супстанции од согорување се намалуваат до 98 проценти, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на потрошувачката на енергија и унапредување на условите за престој и работа во училиштето и спортската сала.

-Во рамки на проектот е имплементиран современ бивалентен систем за греење со топлински пумпи (воздух-вода), кој овозможува автоматизирано и интелигентно управување со системот, прилагодувајќи ја неговата работа согласно надворешните температури. Дополнително, за оптимизација на внатрешната инсталација, поставени се термостатски вентили, со што се обезбедува рационална потрошувачка на енергија во согласност со реалните потреби на објектот, соопшти Општина Ѓорче Петров.

Како дел од координираните активности, с енаведува во соопштението, преку проектот „ЕУ за чист воздух“ извршена е замена на дотраените и енергетски неефикасни елементи во котларата, како и инсталација на современа термотехничка опрема во вредност од 145.000 американски долари.

-Општина Ѓорче Петров учествуваше со инвестиција од 96.000 евра за набавка на топлински пумпи и зголемување на електричната моќност потребна за нивно функционирање. Со оваа инвестиција, општината продолжува со имплементација на политики за одржлив развој, подобрување на квалитетот на живот и создавање здрави услови за идните генерации, се потенцира во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Робот- ѕидар наскоро пристигнува во Хрватска, може да замени шест мајстори и ѕида 10 квадрати на час

Робот ѕидар, машина произведена од австриската компанија „Винербергер“, отпорна на лоши временски услови и способна да замени шест мајстори ѕидари, наскоро пристигнува во Хрватска.

Робот- ѕидар наскоро пристигнува во Хрватска, може да замени шест мајстори и ѕида 10 квадрати на час

Роботот наречен WLTR може да гради до 10 квадратни метри на час и до висина од 3,5 метри без употреба на скелиња, објавува порталот „Пословни дневник“, пренесе Телеграф.

Роботот се користи за поставување тули од вториот ред бидејќи првиот ред сè уште го поставува искусен ѕидар, но потоа, WLTR, со помош на сензори, ја проверува положбата на секоја тула, ги корегира отстапувањата доколку е потребно и постигнува максимална прецизност во понатамошната работа.

Работата на овој робот, кој може да замени пет до шест мајстори ѕидари, бара приклучок за напојување од 400 волти, еден обучен оператор и еден помошен работник.

- Роботизираното ѕидарство не е замена за знаењето и искуството на луѓето, туку одговор на вистинските предизвици на градежната индустрија. WLTR го презема физички најтешкиот дел од работата, но сепак зад него стојат професионални луѓе - рече Амел Емкиќ од групацијата „Веннербергер“.

Словенечкиот град Церкница веќе го заврши првиот роботски градежен проект во регионот, а роботите на WLTR веќе завршија повеќе од 40 комерцијални проекти низ Европа.

Тие вклучуваат станбени проекти во Чешка, детска градинка во Полска, индустриски магацини во Австрија и Унгарија и едносемејни куќи во Англија.

Во моментов има 12 WLTR роботи кои работат во Европа, а се очекува уште десетици да бидат во функција до крајот на 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони му врати на Трамп: Тоа се бесмислени напади, фокусирајте се на својата популарност!

Италијанската премиерка Џорџија Мелони одговори на новата објава на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој ги повтори тврдењата дека таа го замолила да се фотографира со неа на самитот на Г7.

Мелони му врати на Трамп: Тоа се бесмислени напади, фокусирајте се на својата популарност!

Во одговор објавен на Инстаграм, Мелони рече дека не сака повторно да се враќа на темата.

„Претседателе Трамп, овие постојани и неиспровоцирани напади се сосема бесмислени. Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум ваш пријател сигурно не помогна, ниту пак зависи од мојот однос со вас. Мојата популарност зависи од мојата способност да ги бранам италијанските национални интереси, а тоа е она што отсекогаш сум го правела“, рече Мелони.

Таа истакна дека го сторила тоа и кога им забранила на американските борбени авиони да слетуваат во бази на италијанска територија.

„Нивната употреба е регулирана со договори што отсекогаш сме ги почитувале и кои не можат да бидат прекршени додека сум премиер. Италија останува суверена држава. Во секој случај, мојата популарност не треба да ве интересира. Ви предлагам да се фокусирате на вашата“, заклучи италијанската премиерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, од понеделник ќе има нова средба со маркетите

Премиерот Мицкоски кој денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во Општина Карпош, изјави дека од понеделник ќе има сериозно поевтинување на горивата а најави и нова средба со маркетите  и диструбутерите.

Мицкоски: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, од понеделник ќе има нова средба со маркетите

За нефер трговските практики ќе има и десетпати повисоки казни, согласно законските измени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер