Општина Центар со музички хепенинг во Паркот на Франкофонија - Канал 5

Општина Центар со музички хепенинг во Паркот на Франкофонија

 - Општина Центар организира по првпат музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи вечер во Паркот на Франкофонијата, со почеток од 19 часот.

Општина Центар со музички хепенинг во Паркот на Франкофонија

Станува збор за нова музичка приказна која се очекува, како што најавуваат од локалната самоуправа, да стане обележје на центарци па и главниот град - концерт на кој ќе настапат Ди Џеј Чваре, Дани Димитровска, Тамара Тодевска, ДНК, Некст Тајм и Ди-џеј Фиц, а целиот настан ќе го води и збогатува нашата центарка Вера Јанковиќ.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека недостигаат културни манифестации кои будат насмевки и дружење кај луѓето затоа општината дава свој придонес за забава, уживање и афирмација на македонската музика.

-Општина Центар, како најурбана општина се стреми да ја подигне културата на повисоко ниво и сака да даде свој придонес во афирмирање на македонската музика, брендирање на општината и нашата земја преку испишување на нова музичка приказна. „Нешто што ќе остане“ е таа приказна која ќе ни донесе нова свежина, нова енергија и позитивни чувства кои некако како да ги оставивме настрана. Верувам дека ова ќе биде почеток на една нова емоција на задоволство која недостигаше, ново обележје по кое ќе не препознаваат и нова традиција на општината. Затоа ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да одбележиме една нова приказна со „Нешто што ќе остане, вели Герасимовски.

Општина Центар, се додава, работи на сите сфери за да ги задоволи потребите на сите категории граѓани.

-Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ е нешто од тие пред нас, нешто што ќе остане за нас и нешто што ќе остане за оние што доаѓаат по нас. Заедно да создадеме уште едно неповторливо доживување, повикуваат на дружба од Општина Центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити пронајде нов Родри во Барселона, но трансферот е невозможен?!

Еден од најбогатите светски фудбалски клубови, премиерлигашот Манчестер Сити ја планира иднината и бара долгорочна замена за  најдобриот фудбалер на Мундијалот, Родри, кој со години е клучна фигура во нивниот среден ред. 

Манчестер Сити пронајде нов Родри во Барселона, но трансферот е невозможен?!

Како главен кандидат за наследник на Родри, се спомнува талентиран играч на Барселона, Марк Бернал, иако англискиот тим е свесен дека трансферот би бил тешко остварлив; каталонскиот клуб нема намера да го продаде, пренесува Goal.com.

Бернал, еден од најперспективните фудбалери од академијата „Ла Масија“ на Барселона, го привлече вниманието на Сити благодарение на квалитетите што го издвојуваат како потенцијален наследник.

Претставниците на клубот сметаат дека тој поседува сè што е потребно за да доминира во средниот ред: одлично позиционирање, интелигенција во играта и способност да го диктира темпото. Токму овие вештини го направија Родри еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција.

И Челзи и Арсенал се заинтересирани за 19-годишниот играч за врска, сметајќи дека тој поседува потенцијал за успех во Премиер-лигата.

Сепак, трансфер во оваа фаза е малку веројатен. Барселона веќе потпиша договор со играчот кој важи до 2029 година – вклучувајќи и откупна клаузула од 500 милиони евра – а и самиот Бернал сака да остане на „Камп Ноу“.

Според тоа, интересот на Манчестер Сити се толкува како дел од долгорочна стратегија, а не како намера за реализација на трансфер ова лето. Повикувајќи се на извори блиски до играчот, порталот „CaughtOffside“ пренесува дека Сити го гледа како идеално долгорочно решение за пополнување на улогата на Родри. Тие ги ценат неговата физичка сила, смиреноста со топката, способноста за игра под притисок и вештините за креирање игра – карактеристики што се совпаѓаат со стилот на игра на англискиот шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: (СКАНДАЛ) Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните.

Мицевски: (СКАНДАЛ) Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните.

Венко Филипче и СДС свесно оставиле граѓаните бавно да се трујат само за да не изгубат политички поени.

Податоците со коишто располагаме покажуваат со какви искривени вредности се Венко Филипче и СДС.

Дозволете ми да прочитам дел од тие случаи:

На ден 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, односно народски кажано, водата не била за пиење.

На ден 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата.

На ден 20.07.2021 година, , испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале согласно Правилникот за безбедност и квалитет на водата, за што е направен записник и решение за забрана од 23.07.2021 година.

На ден 10.11.2021 година, во чешма во школо Страшо Пинџур, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи.

Водата во Здравствен дом Делчево на 11.01.2022 година, не била за пиење. Министер за здравство Венко Филипче.

За ниту еден од овие но и многу други случаи, јавноста не е информирана. Болниците биле полнети, на граѓаните очигледно им било лошо, но никој не знаел од што, а власта тоа вешто го криела.

За ова е известено МВР и институциите ќе постапат и ќе ги достават документите до ЈО.

Очекуваме ЈО веднаш и без одлагање да постапи по овој случај и да има одговорност по истиот.

Никола Мицевски, член на ИК и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

Силна инвестиција во младите лекари: Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

МЗ: Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

На предлог на министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на 2026 година.

Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги градат во домашниот здравствен систем.

Со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи:

задржување на младите лекари во државата;

пополнување на недостигот од специјалистички кадар;

зајакнување на клиниките, болниците, здравствените домови и центрите за јавно здравје;

порамномерна распределба на медицинскиот кадар низ државата;

пократко време на чекање и поквалитетна здравствена грижа за пациентите.

„Ова не е само одлука за 300 нови вработувања. Ова е инвестиција во 300 професионални иднини, во посилни здравствени установи и во подобра грижа за пациентите. Не ги школуваме нашите лекари за да ги изгубиме – инвестираме во нивното знаење за да го изградиме здравствениот систем што граѓаните го заслужуваат“, истакна министерот Клековски.

Вработувањата ќе се реализираат согласно потребите на јавните здравствени установи и недостигот од специјалистички кадар, со цел младите лекари да бидат ангажирани таму каде што се најпотребни.

Со оваа одлука, Владата и Министерството за здравство испраќаат јасна порака: младите лекари се темелот на идното јавно здравство, а нивното знаење, труд и професионален развој мора да бидат препознаени и поддржани.

Создаваме трајна вредност – лекари што остануваат, установи што се зајакнуваат и пациенти што добиваат навремена и квалитетна здравствена грижа.

300 специјализанти. 300 нови можности. Еден посилен здравствен систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер