Општина Центар со јавен повик за финансиска поддршка на социјални услуги за ранливи категории - Канал 5

Општина Центар со јавен повик за финансиска поддршка на социјални услуги за ранливи категории

 Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. 

Општина Центар со јавен повик за финансиска поддршка на социјални услуги за ранливи категории

Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, средствата се наменети за индивидуализирани услуги со асистивна технологија за деца, млади и лица со сите видови попречености, вклучително и аутизам, преку обезбеден пристап до компјутер и интернет, превенција и поддршка за млади во ризик од злоупотреба на дроги, преку психо-социјална, психотерапевтска и психијатриска поддршка за нив и нивните семејства, како и поддршка за млади во процес на ресоцијализација.

Воедно, за Центар за ментално здравје кај деца, со обезбедување психо-социјална и дефектолошка поддршка и зелена социјална работа со воведување на еколошка перспектива, со цел градење инклузивна и зелена средина и вклучување на младите и децата во активности со еколошка компонента.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека станува збор за услуги и сервиси со силен фокус на инклузијата и еднакви можности за сите.

-Општина Центар обезбедува социјална заштита за ранливите категории и создава стимулативни услови за развој на младите. Преку ваквите програми даваме поддршка и помош таму каде што е најпотребна-истакна Герасимовски.

Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од објавувањето на општинската веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Денес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер