Се сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва
2Се сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
МакедонијаОпштина Центар: Сечење и кастрење на заболените и небезбедни дрвја на „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“Сечење и кастрење на заболените и небезбедни дрвја на „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, нови садници ќе бидат засадени на истите локации.Општина Центар информира дека во наредниот период ЈП „Паркови и зеленило“ ќе спроведе активности за сечење и кастрење на дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, согласно решенијата донесени од Град Скопје, по извршен стручен увид на терен. На улица „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улица „Мирослав Крлежа“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до ул. „Орце Николов“, е предвидено сечење на 3 и кастрење на 13 дрвја. Според стручниот увид, дрвјата предвидени за сечење се биолошки деградирани, суви, заболени, мртви, или со нарушена стабилност на кореновиот и стеблениот систем, поради што претставуваат потенцијален ризик за безбедноста на јавниот простор. Кај дел од останатите дрвја е потребно кастрење поради суви и надвиснати гранки. Дрвјата што ќе бидат исечени ќе бидат заменети со нови повозрасни садници (над шест години) во ист број и од истиот вид, Новите дрвја ќе бидат засадени на истата локација каде што е извршено сечењето, согласно решенијата на Град Скопје.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МетеоУХМР: И попладне пороен дожд, стабилизација на времето од средина на следната недела Синоптичарите и за попладнево и вечерва најавуваат пороен дожд и врнежи.. Стабилизација дури следната недела.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе сумираат штетите од невремето, само во Скопје речиси илјада пријави за полавени домови, надвозници, паднати дрва Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната.Ден потоа, Скопје повторно профункционира во вообичаениот ритам – улиците каде вчера се создадоа реки и базени, повторно се суви и раздвижени, но точната цена на невремето засега останува непозната, ЦУК примил во текот на вчерашниот ден примил над 1000 пријави, 900тини од нив биле само за Скопје за поплавени подруми, подвозници, паднати дрвја и останати штети од непогодата, која најсилно ги погоди Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир... Екипите на Град Скопје се на готовс и денеска, оти најави за невреме од метеоролозите пристигнаа и за вечерва. Градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски оцени дека Градот во вчерашната акција со над илјада работници од јавнините претпријатија експресно се справил со предизвикот, а кризниот штаб вели и натаму е во приправност, во случај непогодите од вчера да се повторат. Воедно вели, каде што е физички изводливо, ќе се отстранат инфраструктурните аномалии на критичните точки, но уверува и дека состојбата со запушените сливници и канали е веќе минато. -Како никогаш досега брзо се справивме со временските непогоди. За 20 до 40 минути се справивме со неприликите. Нема простор за паника, градот е буден и имаат на кого да се потпрат, дежурните телефони се целосно во функција. Обрнуваме сериозно внимание, секаде каде што можеме да интервенираме, ќе интервенираме во наредниот период, до крајот на мојот мандат, некаде е возможно, некаде е невозможно, на крајот на денот и во најразвиените метрополи, огромна количина, 75л на м2 имате врнежи таму единствено треба водата да се повлече но и ние да делуваме со службите,- - Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје. Непогодите го отежнаа и лекувањето на пациентите кои се во најтешка здравствена состојба – подземните нивоа на Клиниката за онкологија се поплавија, па водата се собирала со ќебиња и чаршави, а била прекината и терапијата за да се заштитат апаратите и да се избегне опасност од струја. Поплавениот оддел за радиотерапија сега повторно е во целосна функција, па нормализирано е и лекувањето. Подрумските простории и гаражите биле полавени и во МАНУ, а вода имало и во главниот хол и амфитеатарот. А, додека скопјани мака мачеа да стигнат каде што тргнале, оти сообраќајот беше целосно парализиран, неколку граѓани го искористија моментот да се пошегуваат, па на подвозникот на булеварот „Србија“, некои пловеа со душек, а други скокаа во водата од мостот, но денеска „базенот“ веќе го нема... Стенд ап: Вака изгледа денеска една од најкритичните точки во Скопје која беше вчера полна со вода, па поради тоа, оваа делница, до доцна во ноќта беше затворена за сообраќај од страна на полицијата.Тагови: ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во АеродромНајавени кривични пријави, во полициска станица се разговорало и со деца и со родители.Полицијата почна да го расчистува случајот со меѓуврсничко насилство што се случи пред два дена во парк во Аеродром, а беше сниман со мобилни телефони од страна на поголема група на деца, и девојчиња и момчиња. Дел од нив давајќи насоки како и кога да се мавне шлаканица, навивајќи и употребувајќи и навреди во сексуална конотација. Надлежните велат дека известен е јавен обвинител, а се преземаат дејствија и за идентификација на сите присутни и утврдување на нивната годишната возраст, за да се знае дали има и такви кои не се малолетни, или се доволно возрасни за да одговараат пред закон. Од МВР велат дека има и формална пријава за настанот од мајката на дванаесетгодишното девојче кое било понижувано, удирано со шлаканици, па и натерано да клекне на колена додека друга врсничка ја држи за косата. -31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка. Истиот ден во полициска станица е извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители- МВР. По низата на скандалозни случаи на врсничко насилство со девојчиња кои ја згрозија јавноста, правната фела алармира дека системот мора да одговори на предизвикот и во фокусот наместо детето да го стави родителот. Ставот на адвокатот Владимир Туфегџиќ е дека треба да има регистар на родители на евидентирани насилници и тие да се фотографирани исто како и лицата лишени од слобода. Туфегчиќ за Канал 5 објаснува дека дел од целосното решение може да бидат измени во законот што би вклучувале санкции за родителот ако не го почитува наложеното – на пример неколку пати неделно да биде повикуван во Центар за социјална работа. Правната фела со години алармира за недостатокот на соодветно обучен кадар во социјалните служби, особено оние во внатрешноста бидејќи се смета дека нивното постапување е клучно во случаите на насилства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook