Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“ - Канал 5

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“

Општина Центар информира дека е отворен јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“, кој ќе се одржи на 15 април. 

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“

Овој настан, велат, ќе им овозможи на уличните уметници – музичари, акробати, танчери и перформери да го претворат јавниот простор во сцена за креативно изразување.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите уметници да аплицираат и заеднички да се одбележи овој значаен светски ден.

-Општините со силна уметничка сцена имаат силен идентитет. Уличната уметност е душата на урбаната култура, а ние сме тука да ја поддржиме и славиме. Ги повикувам сите центарци да се пријават на повикот, уметноста има моќ да ги поврзува граѓаните, да поттикнува емоции, да создава заедништво и токму затоа, со овој повик ја отвораме сцената за сите улични уметници, вели Герасимовски.

Јавниот повик е наменет за регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста, со седиште во Општина Центар. Вкупните средства за поддршка изнесуваат 400.000 денари.

Пријавите можат да се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24769, каде што е достапен и образецот за пријавување.

Пријавата со потребната документација се доставува во еден оригинален примерок, пополнета електронски, потпишана и заверена/печатирана од одговорно лице на апликантот, преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, Сектор за јавни дејности/Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот, со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на уметноста“.

Нови 80 дрвца засадени во два парка во 11 Октомври - Бараки

Дрвцата се поставени во новиот парк, како и во Паркот на шахот, двата во населбата 11 Октомври Бараки, со што овој дел од општината добива сосема нов лик, со повеќе можности за одмор и рекреација.

Нови 80 дрвца засадени во два парка во 11 Октомври - Бараки

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес заедно со раководните лица од компанијата "Сетек", Централна Кооперативна Банка и со претставници на фондацијата „Мартин Здравковски“, учествуваше во акција за пошумување на два парка во населбата 11 Октомври – Бараки. Беа засадени 80 високостеблести дрвја, дел како донација од "Сетек" и Централна Кооперативна Банка, а дел во соработка со фондацијата „Мартин Здравковски“, во спомен на прерано починатото дете од овој дел на општината, кое го носи тоа име и чии родители беа присутни на настанот.

Дрвцата се поставени во новиот парк, како и во Паркот на шахот, двата во населбата 11 Октомври Бараки, со што овој дел од општината добива сосема нов лик, со повеќе можности за одмор и рекреација.

– Денешниот настан е уште еден сегмент од поширокиот план на Општина Кисела Вода, која во овие три и пол години веќе ги зголеми зелените површини за 80.000 м². Како локална самоуправа вложуваме постојан труд за создавање поздраво, поубаво и поквалитетно секојдневие за сите наши сограѓани. Секое засадено дрвце е чекор поблиску до таа цел. Особено сум благодарен што фондацијата „Мартин Здравковски“ се вклучи во оваа иницијатива и на овој начин создадовме траен спомен на едно детско име, кој истовремено ќе придонесе за поздрава животна средина. Голема благодарност и до "Сетек" и "Централна Кооперативна Банка", кои преку својата донација уште еднаш покажаа што значи вистинска општествена одговорност. Ова е пример како заедно можеме да ја направиме Кисела Вода уште позелена и поубава – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Перински: Седумнаесет општини воопшто не аплицирале на вториот јавен повик за поддршка

Перински: Седумнаесет општини воопшто не аплицирале на вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти .

Перински: Седумнаесет општини воопшто не аплицирале на вториот јавен повик за поддршка

Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти.

Како што информира министерот за локална самоуправа, Златко Перински на прес-конференција во Владата, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.

Перински појасни дека воопшто не аплицирале општините Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Струга, Битола, Крушево и Долнени.

-Апелираме до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законскиот предвиден рок за пријавување кој истекува на 30 април годинава, рече Перински.

Нагласи дека исходот од првиот повик јасно потврдува дека намерите на Владата за помош на општините не се само теорија, туку и практичен механизам за промените кои се случуваат на терен.

-Во вториот јавен повик беа предвидени и ставени на располагање до 15 милијарди денари за капитални и инфраструктурни проекти. Се покажа од првиот повик дека најголем интерес има за подобрување на патната инфраструктура, бидејќи од 288 проекти дури 225 се за подобрување на патната инфраструктура и се реализираат преку Министерството за транспорт. Согласно информациите кои ги имаме и во вториот јавен повик во најголем дел фокусот на локалните самоуправи е во делот на подобрување на патната инфраструктура, рече Перински во одговор на новинарско прашање.

Од досега пристигнатите 450 апликации на вториот јавен повик, прецизира, повеќе од 330 се за подобрување на патната инфраструктура.

-Има и проекти кои се за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во делот на животната средина, изградба на училишта, градинки спортски сали,..., рече Перински.

Роковите за изведба на проектите од првиот јавен повик, како што кажа, ги одредуваат локалните самоуправи.

-Од првиот јавен повик 251 проект е со склучен договор, 140 се веќе воведени во работа, 30 се целосно завршени, 33 се во постапка на тендерирање и само за четири воопшто не е започната постапка, истакна Перински и појасни дека кај дел од овие четири проекти била почната постапка која се поништила заради одредени фактори и сега повторно треба да се обнови.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

 Камион „застава" без регистерски ознаки, кој превезувал огревно дрво излетал од патот и удрил во паркиран автомобил, при обид да избега од полицијата, три лица избегале од местото, соопшти денеска СВР Охрид.

Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот

Според информацијата, ноќеска еден час по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при ОВР Струга, на локален пат во атарот на струшкото село Мислешево, затекнале товарно моторно возило „застава“ без регистарски ознаки, кое превезувало огревно дрво.

- Откако ги забележал, возачот ја зголемил брзината и тргнал со возилото кон полициските службеници, кои се обиделе да го сопрат по што, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во паркиран автомобил „форд сиера“ со струшки регистарски ознаки. Возачот и уште две лица од возилото го напуштиле местото, по што возилото и огревното дрво се предадени на Шумската полиција, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер