Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
1Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
3Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЗабаваОпштина Центар ќе доделува признанија за Заслужни граѓани, првото за Перо АнтиќОпштина Центар соопшти дека ќе доделува награди за физички и правни лица од Општината како признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието и други области. На овој начин општината сака да ги награди оние кои придонеле за развојот и афирмацијата на Центар и Република Македонија во светот.Градоначалникот Андреј Жерновски до Советот на Општината достави предлог одлука првата плакета за Заслужен граѓанин на Општина Центар да му биде доделелна на кошаркарската легенда Перо Антиќ. Кошаркарот Перо Антиќ, жител на Општина Центар, е првиот македонски спортист со освоени три евролигашки титули, нешто кое не им успеало на голем број славни имиња од европската кошарка. Роден на 29 јули 1982 година во Скопје. Почетоците со кошарката му биле токму во центарското Основно општински училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација својата кариера ја започнал во Кошарскиот клуб „Работнички’’ Скопје, за кого настапувал од 1999 до 2001 година. После тоа четири години поминал во АЕК Атина, каде во сезоната 2004/2005 го постигнал најдобриот резултат во Евролигата.Со овој клуб бил шампион во 2002 година. Во 2005 година почнал да игра за Црвена зведа, каде одиграл две сезони и го освоил националниот куп 2006 година. Подоцна настапувал во дресот на бугарскиот “Лукоил академика” во сезоната 2007/2008 и е прогласен за МВП на бугарската лига и бил најзаслужен за освојување на истата. Потоа се вратил во Русија и играл за екипата на Спартак од Санкт Петербург со која стигнал до титулата во купот на Русија. Летото 2011 година поминал во грчки Олимпијакос, каде во две сезони освоил две Евролиги 2012 и 2013 и титула првак на Грција. Во летото 2013 потпишал договор со Атланта, со што станува првиот и единствен кој настапувал во најсилната кошаркарска лига - НБА. За репрезентација на Македонија настапувал на Европското првенство одржано 2011 година во Литванија, со која го освојува високото четвртто место, остварувајќи го најдобриот резултат во историјата на македонската репрезентативна кошарка. Исто така во неколку наврати е прогласен за спортист на годината. Спортската критика секогаш ги истакнувала неговите високо професионални, прецизни спортски техники и постигнувања, потенцирајќи го како вистински пример за врвен спортист, стои во соопштението од општина Центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на хранаВодата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор. Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата. Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места. Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче ПетровМалолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал.. Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!Додека јавноста го чека цела недела да пушти глас, да почне да работи, да си ја заработи платат од граѓаните, да си го обели образот, Јавното обвинителство сѐ уште нема отпочнато постапка за прославата на независноста. Либерално-демократската партија (ЛДП) се нуди да помогне за конечно да има подеднаква правда за сите во Македонија. „ЛДП бара јавното обвинителство да покаже дека има способни кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци и веднаш да отвори постапка поврзана со трошењето пари од државна лотарија“, вели во изјава истакнатиот правник и член на Извршниот одбор на ЛДП, Илија Чилиманов. Тој додава дека кога веќе се вратија од летниот годишен одмор и сон и се фатија со експресни постапки за заштита на „шефот на елитата“, може да се позанимаваат и со барање на одговори на следниве прашања. „Нели станува збор за ист модус операнди, механизам односно модел на извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од кривичниот законик кога Артан Груби и претходната гарнитура ги заобиколувале одредбите од Законот за трговските друштва и со заклучоци од Владата и наложиле на Државна лотарија да преземе финансиски обврски во износ од 8,3 милиони евра? И сега со начинот на кој се извлечени парите за прославата на независноста во 2026 година, актуелниот премиер, генералниот секретар на Владата и директорот на Државна лотарија го направија апсолутно истото. Донеле заклучоци на владата со кои парите од нераспределената добивка ги пренасочиле надвор од буџетот на државата“, посочува Чилиманов. ЛДП гласно реагираше и на штетните измени на кривичниот законик направени во септември 2023 година, а кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е предвидено и казниво со Кривичниот законик. „Па кога веќе јавното обвинителство го гони Груби според тој член, има законска основа да поведе постапки против актуелните функционери. Доколку прераспределбата на средства е направена без одлука од Собранието на акционери, со ист криминален модел, Државната лотарија повторно се користи како приватна партиска каса и вонбуџетски фонд за да се изиграат одредбите од Законот за буџет и редовните процедури, а милионски суми да завршат кај претходно договорени приватни субјекти“ вели Чилиманов и додава дека за ЛДП нема „ваши“ и „наши“ пред законите. Доколку јавното обвинителство го гони Груби, а молчи за премиерот и актуелните функционери кои преку иста шема потрошија милиони евра за десеттина прослави и концерти по нивна волја, тоа е директен доказ за селективна правда и заробено правосудство. „Државната комисија за спречување на корупцијата ја послуша ЛДП и веќе отвори предмет по допрен глас. Сега, заедно со граѓаните, бараме Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, исто така по допрен глас, брзо како и ДКСК да поведе постапка во која ќе обезбеди соодветни докази покрај другите и заклучоците од Владата и склучените договори. На тој начин, конечно ќе се покаже дека Јавното обвинителство ѝ служи на правдата, а не е само институционален штит на новата елита. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда исто како и елитата, можеби и повеќе“, заклучува Чилиманов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter