Општина Центар: Герасимовски го претстави тимот за урбанизам, еминенти урбанисти и архитекти на листата - Канал 5

Општина Центар: Герасимовски го претстави тимот за урбанизам, еминенти урбанисти и архитекти на листата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави тимот од Комисија за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти кои работат на современи и одржливи урбанистички решенија за општината. 

Општина Центар: Герасимовски го претстави тимот за урбанизам, еминенти урбанисти и архитекти на листата

Танкица Христова Спасовска, м-р Биљана Насковиќ, м-р Дамјан Цингарски, Александра Марсениќ Крајчески, Ана Лукиќ Коробар, д-р Маја Лазаревска и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља е тимот што работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација со акцент на зеленило, велосипедизам, подземни паркинзи, јавни плоштади и квалитетно партерно уредување. Тимот ќе продолжи да се надградува и проширува со нови експерти, со цел уште посеопфатно да одговори на предизвиците на современиот урбан развој, информираат од локалната самоуправа.

-Ова е тимот од еминентни урбанисти и архитекти. Работиме транспарентно и инклузивно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност во процесот на донесување урбанистички планови. Ние сме лидер во промените, со храбри и визионерски одлуки секогаш во интерес на центарци. Прифатена е иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти, што подоцна се преточи во законско решение, кое беше победа не само за нашата општина, туку и за сите општини во државата. Со одлуките што ги донесовме, воведовме нови стандарди усогласени со европските практики. Секое издавање дозвола за градба мора да предвидува паркинг-места за велосипеди, а употребата на механизирани системи за паркирање е ограничена на максимум десет проценти од вкупниот број паркинг-места. Деталните урбанистички планови за Буњаковец и Дебар Маало предвидуваат зголемување на зелените површини, враќање на парковите и јавните простори на граѓаните, како и задржување и проширување на дрворедите и велосипедските патеки долж главните улици, изјави Герасимовски.

Тој потенцира дека приоритет на општината е обезбедување повеќе зеленило и јавни простори, современа инфраструктура и функционален сообраќаен систем со решенија за паркирање кои ќе го намалат метежот.

-Работиме на изградба и уредување на велосипедски патеки и јавни плоштади, воведуваме ред во градежните зони со обврска оградувањето на градилиштата да биде исклучиво во рамки на градежната парцела и ја сопираме злоупотребата на рамните кровови кои досега се користеа како тераси. Урбанизмот е клучен инструмент за создавање квалитетен и одржлив животен простор. Како врвен приоритет го поставивме рационалното искористување на просторот, уредувањето на јавните површини и обезбедувањето рамнотежа помеѓу станбените, деловните и рекреативните зони, додаде Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киднапираа маж среде бел ден и го пикнаа во багажник- драма пред Арената во Загреб (ВИДЕО)

Пред загрепскиот Арена центар, четворица мажи нападнаа еден маж и го натераа да влезе во багажникот на автомобил.

Киднапираа маж среде бел ден и го пикнаа во багажник- драма пред Арената во Загреб (ВИДЕО)

„Го претепаа и го пикнаа во багажникот, а потоа се одвезоа во правец на Лидл. Полицијата веднаш излезе на терен. Мислам дека минувач кој видел сè, ја запишал регистарската табличка на автомобилот со кој избегале со голема брзина“, изјавила за 24sata.hr жена која го видела несреќниот настан.

На видеото се гледа моментот на нападот и човекот кој повикува помош. Сето ова се случува во близина на шокирани минувачи. Но, никој не се осмелил да реагира.

Тројцата мажи го влечеле мажот до багажникот, го пикнале внатре и избегале со голема брзина.

Снимката ја добила полицијата во Загреб, која сè потврдила за 24sata.hr.

Четири мажи се уапсени и ставени под надзор, а жртвата е пренесена во KBC Rebro.

Истрагата е во тек.

Видеото од киднапирањето можете да го погледнете ТУКА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По одгледувањето ембриони од глувци во вселената, Кинезите се подготвени за следен чекор

Научници од Кина го проучуваат развојот на ембриони од цицачи во вселената откако материјалите од ембриони од глувци беа вратени на Земјата како дел од мисијата Шенжоу-22, објави Ксинхуа.

По одгледувањето ембриони од глувци во вселената, Кинезите се подготвени за следен чекор

Примероците беа вратени на 29 мај и транспортирани во истражувачки центри во Пекинг, каде што ќе бидат анализирани за да се проучат ефектите од вселенската средина врз раниот развој на животот.

Култивирани во орбитата

Истражувањето го спроведуваат Институтите за напредна технологија во Шенжен во рамките на Кинеската академија на науките, со цел да се испита развојот на ембриони од цицачи пред имплантацијата под услови на микрогравитација, вклучувајќи ги и можните промени на митохондријално и епигенетско ниво.

За време на експериментот, ембриони од глувци беа култивирани во орбитата со помош на специјализирани микрофлуидни системи на кинеската вселенска станица, со следење на развојот во реално време.

Научниците рекоа дека системите за култура, снимање и зачувување на примероците работеле успешно и дека ембрионите се развиле правилно во вселенски услови.

Детална компаративна анализа

Следната фаза од истражувањето планира да спроведе детална компаративна анализа на вселенски примероци и контролни од Земјата, вклучувајќи молекуларни и генетски методи, за подобро да се разбере како вселенската средина влијае врз раниот развој на цицачите.

Ова истражување се темели на претходни кинески вселенски експерименти, вклучувајќи мисии кои го набљудувале развојот на ембрионите во микрогравитација и нивната прогресија низ раните фази на развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нападнати здравствени работници во Конго среде епидемија на ебола- украле тело на починат

Жителите нападнаа тим за безбеден погреб во покраината Јужен Киву во Демократска Република Конго оваа недела, принудувајќи ги здравствените работници да го остават ковчегот зад себе.

Нападнати здравствени работници во Конго среде епидемија на ебола- украле тело на починат

Жителите нападнаа тим за безбеден погреб во покраината Јужен Киву во Демократска Република Конго оваа недела, принудувајќи ги здравствените работници да го остават ковчегот зад себе, предизвикувајќи страв од понатамошно ширење на болеста, соопшти Министерството за здравство.

Нападот бил насочен кон „безбедниот и достоинствен тим за погреб“, специјализирани лица обучени да ракуваат со телата на високо заразни починати лица според строги протоколи за да се спречи ширењето на инфекцијата на ебола.

Телото потоа го ракувале членови на локалната заедница, практика со висок ризик што би можела да поттикне нови синџири на пренос, според извештајот за ситуацијата објавен онлајн во среда.

Цели на нападот

Инцидентот укажува на недовербата и отпорот што ги попречуваат напорите за сопирање на епидемијата. Додека официјалните лица се обидуваат да го спречат ширењето на сојот на ебола Бундибугио, тимовите за погребување и здравствените работници беа цел на повеќекратни напади во последните недели, вклучително и напади од роднини на починатите кои ја доведоа во прашање причината за смртта.

Од прогласувањето на последната епидемија на 15 мај, седумнаесетта во земјата, Демократска Република Конго регистрираше 363 случаи на инфекција и 62 смртни случаи, според најновите податоци од Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер