МакедонијаОпштина Бутел: Започна изградбата на трим-патека покрај коритото на река СераваДенес започна изградбата на трим-патека покрај коритото на река Серава. Денес е ден на голема радост за сите граѓани, бидејќи овој проект го чекаа повеќе од 40 години. Најголемиот капитален проект во општина Бутел - изградба на речно корито и трим-патека покрај реката Серава се реализира. Најголемото барање на граѓаните, денес е исполнето ветување на градоначалникот Дарко Костовски. Трим-патеката покрај коритото на река Серава е во должина од 800 метри. На патеката ќе биде поставено смарт осветлување и нови клупи. Покрај тоа, ќе се изгради парк на површина од 5000 м2. Во првата фаза се уредува коритото на река Серава во должина од 1500 метри. Во втората фаза ќе се уреди површина во должина од 300 метри во населеното место Радишани. Локалната самоуправа уредува со камен речно корито во должина од 1800 метри. Општината вложува 65 милиони денари за уредување на речното корито и изградба на трим-патека. Изгледот на општина Бутел се менува. Сите граѓани заедно ќе спортуваат и ќе се рекреираат на кејот на реката Серава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)На пат од Кирикале до Самсун, патниците во автобус доживеале драматичен момент кога возилото се превртело, при што биле повредени 40 лица. Возачот ја изгубил контролата врз воланот, што довело до несреќата, објавија турските медиуми. Инцидентот се случил во близина на населбата Кимески кај Истанбул, а во автобусот имало 42 патници, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија, објави Хуриет. ⚡️At least 30 people were injured in a bus accident in Istanbul, including children The driver lost control on a slippery road, collided with a car, and then hit a road sign pole, according to TRT Haber. pic.twitter.com/p3J56Yj1w5 — NEXTA (@nexta_tv) July 25, 2026 Екипи на брза помош, полиција, жандармерија и противпожарна служба, како и специјални служби, веднаш пристигнале на местото на несреќата. Повредените биле брзо евакуирани од автобусот, им била укажана прва помош и биле однесени во болниците во Кирикале. За среќа, според првичните информации, никој не е во животна опасност. Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да се разјасни причината за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)Пожар избувна во областа Јанадес, во централниот дел на Крф. Голема противпожарна бригада веднаш беше испратена на местото на настанот за да го изгасне пожарот, објави Прототема. Во исто време, се очекува противпожарните авиони PZL со седиште на Крф да полетаат за да помогнат во гаснењето на пожарот. Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност, додека во моментов не се познати дополнителни детали за обемот на пожарот или дали населените области се во опасност.Тагови: Крф пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаШтерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на ЛепенецЗагадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот. Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка, На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода. Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар. СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот. Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност. СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook