3Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ЗдравјеОпштина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај 9-оодделенциУчениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите. В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер. Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка. Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска. Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили. Општина АеродромКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
СветГерманците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервистиГерманската влада одобри нацрт-закон за задолжително повикување на воени резервисти на обука, дел од плановите за зголемување на бројот на војници и воените капацитети на Германија за одбрана од можна руска агресија.Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус постојано предупредува дека Германија мора да биде подготвена за војна и мора да ја подобри својата способност за брзо мобилизирање на силите во случај на голем конфликт на европско тло. Тој потврди дека германското Министерство за одбрана верува дека потпирањето на доброволно учество во армијата повеќе не е доволно со оглед на безбедносната ситуација во Европа. Се очекува Бундестагот да го разгледа нацрт-законот по летниот одмор, а министерството очекува законот да стапи на сила на почетокот на следната година. Извор: Б92Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизираОбилните врнежи кои попладнево го зафатија главниот град предизвикаа низа штети, а најкритично беше во општините Кисела Вода, Аеродорм и Гази Баба. Сосотојбата е веќе стабилизирана, има поплавени подруми, но сообраќајниците и подвозниците се веќе проодни, информираше градоначалникот на Град Скопје во изјава за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБиљал Касами во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори? Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен? Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо? Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter