ЗдравјеОпштествено одговорни компании донираа 85 неинвазивни респиратори Донација од 85 неинвазивни респиратори наменети за инфективните одделенија во болниците во државата денеска предадоа неколку домашни општествено одговорни компании на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.Министерот за здравство, по примпредавањето, изрази голема благодарност до компаниите Мега, Голден арт, Акустик и Гримак за многу значајната донација за нашиот јавно здравствен систем, особено што имаме заболени пациенти со ковид на кои им е потребна респираторна поддршка. – Денеска е навистина тешко да се стигне до вакви респираторни машини. Станува збор за 85 машини за неинвазивна вентилација, што значи пациентите имаат поддршка на дишење само преку маска, без инванзиниот тубус во нивните дишни патишта и дополнителни 24 концентратори на кислород со што смесата на воздух што се дава се збогатува со соодветна концентрација на кислород, изјави Филипче. Има сосема доволен број, рече Филипче, да бидат дистрибуирани и во главните наши центри и на сите инфективни одделенија низ државата. Премиерот Оливер Спасовски, изрази благодарност до овие општествено одговорни компании кои обезбедија донација од 85 неинвазивни респиратори и 24 други апарати концентратори на кислодор со што, како што рече, покажале дека таа солидарност што треба да ја имаме е силна порака за сите како треба да постапуваме. – Ова време на пандемија не научи нешто. Ако во нормални услови се создаваат услови за правење бизнис во една држава, во време на криза е потребно сите да дадеме нешто од себе и помогнеме. Тоа е предизвик за сите и ова што го направија компаниите е пример како треба да се однесуваме сите и компаниите и државата, изјави Спасовски. Ковид кризата, нагласи тој, не научи дека само со пожртвуваност, како што тоа го прават здравствените работници и со солидарност, како што го прават комапниите, можеме да успееме. Спасовски, уште еднаш, упати апел до сите да помогнеме на медицинскиот персонал со тоа што ќе се придржуваме до мерките и на тој начин да ја добиеме битката. Вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, рече дека пандемијата покажала дека сите поделби во светот се вештачки, дека сите сме исти пред вирусот и дека сме еднакво изложени, но исто така, извадила на површина и заедничка солидарност на државите и општествено одговорните компании.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook