ЗдравјеОпштата болница во Кочани доби нова опрема во кабинетот за преглед на дојкаОпштата болница со проширена дејност од Кочани денеска доби нова дијагностичка опрема и реконструиран кабинет за преглед на дојка, што ќе работи во рамки на Одделението за радиологија и ќе го користат пациентите од источниот регион.Комплетната финансиска и материјална поддршка за опремување и ставање во функција на кабинетот ја обезбеди компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, како донација во одбележувањето на 11-годишнината од постоењето. -Токму во октомври, којшто се одбележува како розов месец за подигање на свеста за превенција од рак на дојка, почнуваме со нова опрема за дијагностицирање на заболувањата, а имаме и обучен радиолог кој ќе ја прави оваа интервенција. Во наредниот период матичните лекари ќе бидат информирани да ги упатуваат пациентите преку „Мој термин“. Веќе две години во Болницата имаме кабинет за дојка, а сега ќе функционира поинтензивно поради тоа што мамографите во Каменица и во Делчево не работат и сите пациенти се пренасочени кон нас. Интервениравме да се зголеми и бројот на термините за мамографија, така што сите кои имаат потреба ќе бидат прегледани, истакна Кристина Серафимов, в.д. директорка на Општата болница – Кочани. Од компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ упатија благодарност за досегашната одлична соработка со јавната здравствена установа и најавија продолжување на поддршката. -Општата болница е наш долгорочен партнер и во заеднички консултации со лекарскиот тим констатиравме дека приоритет е ваков современо опремен кабинет, за што веднаш излеговме пресрет. Ова е еден заеднички проект што ќе биде од корист и за нашите вработени, но и за граѓаните од целиот регион. Во Болницата секогаш биле коректни кон нас и во рамки на можностите ќе продолжиме со обезбедување донации, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“. Во рамки на одбележувањето на 11. роденден, кочанската компанија донираше дидактички материјали за градинките во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, како и опрема за комуникација во Доброволното противпожарно друштво – Кочани, а обезбедува и современи автобуски постојки за општините Виница и Македонска Каменица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook