Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
2Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ЗдравјеОпштата болница во Гевгелија доби ЕЕГ апарат Гевгелиската Општа болница со помош на македонско – холандското здружение „Changemakers4All" и Здружението „Микродонија" од Холандија доби донација апарат за електроенцефалографија (ЕЕГ).Апаратот, кој се користи за дијагностицирање на мозочни удари, епилепсија, повреди на главата, главоболки, мозочни тумори и друго, здруженијата го донесоа од Универзитетскиот медицински центар во Гронинген, Холандија. Апаратот веќе се наоѓа во просториите на болницата, а откако ќе се обезбедат соодветни услови за работа, за неколку месеци се очекува да профункционира. – ЕЕГ апаратот наскоро ќе биде поставен во посебна проторија на нервното одделение. За негово ставање во функција ќе бидат ангажирани стручни технички лица. Персоналот кој ќе работи со апаратот дополнително ќе се обучува од причини што прв пат во болницата ќе се пружат здравствени услуги за ЕЕГ снимање, информираа од гевгелиската Општа болница. Пациентите од Гевгелија, Богданци и Дојран за ваков вид медицински услуги досега беа испраќани во болницата во Струмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗГрадоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир ФетахуНа средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните. Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани. Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштедиГрад Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила. „Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје. Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година. Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства. Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје. Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети. Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните. Град Скопје Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петицитеАтрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни. „Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо. Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter