Општа тепачка на боксерски турнир- латаат столчиња, настрадаа и болничарите (ВИДЕО)

Големиот боксерски турнир во Брно западна во хаос кога изби масовна тепачка меѓу гледачите по главниот меч.

Гневните фанови си фрлаа со столчиња, додека модераторот и победникот се обидуваа да ги смират, но безуспешно, а ситуацијата дополнително ескалира.

- Што е ова?! Што по ѓаволите правите?! Јас победив! Овде има мали деца, дали сте нормални.“ се слуша машки глас на снимката.

Сѐ тргнало наопаку пред болницата, каде учесниците во конфликтот ги нападнале и болничарите додека им пружале помош на повредените.

Полицијата брзо реагирала и ја растерале толпата, но истрагата за инцидентот се уште трае, а тешко е да се каже дека тука ќе има невини луѓе, изгледа дека сите се вмешани.

- Група гледачи беа незадоволни од исходот на натпреварот и го покажаа на многу непримерен начин. Обезбедувањето ги изведе надвор и повика полиција. Кога стигнавме, тие веќе беа избркани и побегнаа“, изјави Дејвид Калупка, портпарол на полицијата.

Речиси 600 казни добија автономните такси возила за непрописно паркирање!

Во Сан Франциско компанијата „Waymo“ превезува патници со своите автономни такси возила, без возачи.

На пат ги има 300, а со толкав возен парк доаѓаат и сообраќајните прекршоци, бидејќи никој не е имун на зло - дури ни вештачката интелигенција.

„Вашингтон пост“ објави дека автономните такси возила добиле 589 пријави во вкупна вредност од 65.065 долари за непрописно паркирање минатата година.

Наводните прекршувања се движат од блокирање на сообраќајот до ограничување на пристапот до услугите за чистење улици и паркирање во забранети области.

Портпаролот на „Waymo“ рече дека компанијата работи на решавање на проблемот. Ова, сепак, не е толку голема бројка, бидејќи минатата година Сан Франциско издаде дури 1,2 милиони билети за непрописно паркирање.

Сепак, интересно е затоа што покажува дека и автономните автомобили - грешат!

Извор: Б92

Во Белград се одржа масовен протест „на 15-ти за 15-те“, според МВР имало 107.000 луѓе

Голем протестен собир под слоганот „15 за 15“ се одржа денеска во Белград на повик на студентите, кои бараат одговорност за уривањето на настрешница во нови сад и смртта на петнаесет лица.

Централниот настан се одржа на плоштадот Славија, каде студентите им се обратија на граѓаните, ги читаа нивните барања и ги пееја песните кои станаа симбол на протестите. српското мвр официјално соопшти дека според проценките на полицијата на сите локации во белград бројот на учесници бил околу 107.000.

Првично беше најавено дека митингот ќе се одржи на платото пред собранието на Србија, каде се собраа голем број граѓани, но потоа студентските редари ги повикаа граѓаните да се упатат кон Славија, за да се избегнат евентуални провокации и инциденти со групата луѓе кои кампуваат во пионерскиот парк. Вечерва имаше информации за инциденти таму, но студентите соопштија дека официјално нивниот протест е завршен и се оградија од евентуални провокатори.

Точно во 19 часот на плоштадот Славија и околните улици започна петнаесетминутниот молк, за симболично да оддат почит на 15-те жртви во Нови Сад на 1 ноември. За време на молкот, граѓаните ги држеа вклучени светлата на мобилните телефони, а го завршија, со како што ја нарекоа, најголемата врева во Србија.

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

Министерството за надворешни работи на Германија изразува скептицизам во однос на изјавите на рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со прекинот на огнот во Украина и смета дека тоа е, во најдобар случај, одложување на преговорите, пишува Дојче веле.

По воздржаната реакција на Русија на предлогот на САД за прекин на огнот во Украина, германската Ввлада го обвини Путин за одложување на преговарачкиот процес.

„Во најдобар случај, можеме да зборуваме за тактика на одложување во врска со прекинот на огнот, доколку има такви услови и резерви“, изјави вчера портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа изјави дека мора да се постави прашањето дали има сериозен интерес да се работи на траен прекин на огнот и решение.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

„Путин намерно ја држи отворена вратата за мировни преговори, но тој сè уште не е подготвен да помине низ тоа“, рече таа. /МИА

притисни ентер