Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија
2Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
СветОпшт хаос во Бангладеш по соборувањето на премиерката ХасинаНовата влада на Бангладеш се бори да се справи со низа проблеми, вклучително и тешката економија и кршењето на човековите права по соборувањето на премиерот Шеик Хасина пред шест месеци.БЕТА Новата влада на Бангладеш се бори да се справи со низа проблеми, вклучително и тешката економија и кршењето на човековите права по соборувањето на премиерот Шеик Хасина пред шест месеци. Во август Хасина побегна во Индија, по бунтот предводен од студентите, кој стави крај на нејзиното 15-годишно владеење, а власта ја презеде привремената влада предводена од добитникот на Нобеловата награда за мир, Мухам Јунус. Кон крајот на јануари, „Хјуман рајтс воч“ наведе „вознемирувачки образец на злоупотреби на безбедносните сили“ што повторно се појави по соборувањето на Хасина, овој пат насочени кон поддржувачите на нејзината партија, вклучително и новинари. Здружението на уредници и групите за човекови права ја обвинија новата влада за систематско сузбивање на независните медиуми, но властите велат дека немало заплашување. Советот за хиндуистичко, будистичко и христијанско единство во Бангладеш ја обвини привремената влада дека не ги заштитила верските и етничките малцинства од напади и малтретирање. Владата ги негира обвиненијата. Од падот на Хасина, исламистичките групи се значително повидливи. Партијата Авами лига на Хасина неодамна објави планови за протести во февруари, вклучително и генерален штрајк. Тоа ги налути студентските активисти и групите против Хасина, кои во средата упаднаа и го урнаа историскиот дом на нејзиниот татко, борецот за независност од Бангладеш, Муџибур Рахман. Главниот ривал на Хасина, Националистичката партија на Бангладеш побара од владата да одржи избори оваа година или ќе се соочи со улични протести. Јунус вети дека ќе има избори или во декември или до јуни следната година. Хасина се соочува со кривична пријава за смртта на стотици демонстранти во немирите во јули и август минатата година. Во говорите објавени на интернет од егзил и во протечените снимки од телефонски разговори, таа рече дека ќе се врати. Привремената влада побара нејзина екстрадиција од Индија. Специјалниот трибунал кој се занимава со наводите за злосторства против човештвото побара од Интерпол да ја уапси Хасина. Членовите на нејзиното семејство се надвор од Бангладеш, заедно со многу партиски лидери и поранешни министри. Другите се или во затвор или се кријат. Привремената влада формираше шест комисии за реформи во неколку сектори, вклучително и изборниот систем, владеењето на правото и јавната администрација. Владата сега ги испитува нивните извештаи. ХРВ ја повика привремената влада да воспостави законски практики за притвор и да ги укине законите што се користат против критичарите. Владата предводена од Јунус го укина Законот за кибербезбедност, што се користеше за задушување на слободата на говорот, но го замени со регулатива што содржи многу од истите штетни одредби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДемократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во СенатотКандидатката на Демократската партија, Мери Пелтола, победи на изборите за Сенатот на САД во Алјаска, со што се разјасни односот на силите во горниот дом на американскиот Конгрес по изборите одржани на 3 ноември. Во новиот состав на Сенатот, кој започнува во јануари 2027 година, демократите ќе имаат мнозинство од 56 наспроти 44 места за републиканците. Според последните достапни резултати, Пелтола освоила 50,12 отсто од гласовите и го победи актуелниот републикански сенатор Ден Саливан, кој доби 45,80 отсто од гласовите. На тој начин, демократите добија уште едно место кое претходно го држеа републиканците. Трката во Алјаска беше последната неизвесна изборна трка за Сенатот на овогодинешните избори. Асошиејтед прес ја прогласи Пелтола за победник две недели по изборите. Со победата во Алјаска, демократите заокружија голем успех на изборите за Сенатот. Вкупно, тие освоија девет места што претходно ги држеа републиканците, што претставува нивен најголем успех од ваков вид на избори за Сенатот уште од 1958 година. Пред изборите, републиканците имаа мнозинство од 53 наспроти 47 места, додека во новиот состав односот ќе биде 56 наспроти 44 во корист на демократскиот блок, во кој влегуваат и независни сенатори поврзани со Демократската партија. Демократите исто така успеаја да освојат места во сојузни држави кои традиционално нагинуваат кон републиканците, вклучувајќи ги Тексас, Јужна Каролина, Канзас и Мисисипи. Според резултатите објавени на 17 ноември, таа добила 144.302 гласа, додека Саливан освоил 131.844. Разликата изнесувала 12.458 гласа. Иако преостанувале уште гласови за броење, „Асошиејтед прес“ процени дека Саливан веќе нема реални шанси да ја надомести разликата. Покрај победата на изборите за Сенатот, демократите на Алјаска постигнаа успех и на изборите за гувернер. Демократот Џонатан Крајс-Томпкинс ги победи тројцата републикански кандидати и стана првиот демократски гувернер на Алјаска по 1998 година. Резултатите на Алјаска дополнително ја потврдија промената во односот на силите по изборите во средината на мандатот во САД, на кои демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНајбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евраИлон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра и отвора стотици работни места. Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ најави инвестиција од три милијарди евра за проширување на фабриката во Гринхајде, недалеку од Берлин. Во рамките на ова, најавена е изградба на нов погон во кој компанијата планира да произведува целосно автономни такси-возила од типот „Сајберкеб“ (Cybercab). „Ги поставуваме темелите за технолошки најнапредната фабрика на Tesla во светот“, соопштија од компанијата. Новата производна хала ќе има капацитет да произведува до еден милион робо-такси возила годишно. Изградбата треба да започне во првата половина на 2027 година, а производството – во 2029 година. Американската компанија исто така најави дека ќе вработи неколку стотици работници за потребите на изградбата и подготовките за производство. Тие имаат намера до крајот на годината да поднесат барање за градежна дозвола за новиот објект, заедно со документацијата што ја доставија во 2023 година за планираното проширување на комплексот. Инвестицијата, вредна три милијарди евра, опфаќа и изградба на придружни објекти и постројки за третман на отпадни води. Американскиот гигант претходно се откажа од планираното проширување поради падот на продажбата, но повторно ги активираше инвестициите откако побарувачката закрепна. Податоците од германската Федерална управа за моторни возила (KBA) покажаа дека продажбата на возила од марката „Тесла“ во Германија во октомври е зголемена речиси четирикратно. Во периодот од јануари до октомври биле регистрирани 47.742 возила на „Тесла“, што е приближно три пати повеќе отколку во истиот период минатата година. Компанијата неодамна објави дека ќе го зголеми производството на 7.500 автомобили неделно, односно околу 375.000 годишно, а планира и проширување на капацитетите за производство на батериски ќелии. Во октомври, во фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин работеле 12.600 луѓе, а портпаролка на компанијата потврди дека во последните неколку месеци биле вработени уште 2.000 работници.Тагови: Илон Маск тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Спектакуларна партија на Грајмс погоди 10 тројки за триумф на ЛА ЛејкерсКошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по едно продолжение ги победија Шарлот Хорнетс со 118:114 и ја продолжија серијата победи во НБА. За езерџиите ова беше осмата победа во низа. Најзаслужен за вредниот триумф беше бекот Квентин Грајмс кој го одигра најдобриот меч во кариерата. Грејмс постигна дури 47 поени и беше посебно прецизен зад линијата за тројка со 10 погодени шута од 14 обиди. Со своето остварување Грејм го засени и сезонава неверојатниот Лука Дончиќ кој со „само“ 36 постигнати поени беше вториот стрелец на мечот. Дончиќ и Грајмс го создадоа последниот напад на Лејкерси во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот. QUENTIN GRIMES' 10TH THREE SENDS THE GAME INTO OT 🤯 HE'S GOT 45 POINTS! https://t.co/Owfe0RTetV — NBA (@NBA) November 18, 2026 Словенецот го презеде нападот, бараше позиција, но не ја најде бидејќи беше добро покриен, но Грајмс ја најде и ги фрли навивачите во делириум со тројка за продолжението. Тагови: ЛА Лејкерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook