Опседнати сте со вашите фотографии? Копнеж по правење селфи крие сериозно нарушување - Канал 5

Опседнати сте со вашите фотографии? Копнеж по правење селфи крие сериозно нарушување

Истражувачите тврдат дека луѓето опседнати со правење селфи имаат психичка дијагноза наречена „селфитис“.

Опседнати сте со вашите фотографии? Копнеж по правење селфи крие сериозно нарушување
Терминот за прв пат е спомнат во 2014 година кога е предложено дека американската психијатриска асоцијација размисли за вклучување на „селфитис“ во нарушувања.
Селфи или "selfie" (oод англиск:. self: свое), е автопорттретна фотографија на која личноста сама се фотографирала себе си со фотоапарат или мобилен телефон. Оксфордскиот речник на англискиот јазик во 2013 година го прогласи селфи за зборот на годината.
Истражувачите од Nottingham Trent универзитеот тврдат дека постојат три вида нарушувања на таканаречениот слефитис.

Првиот е ограничен и подразбира фотографирање на себе си до неколку пати дневно, без објавување на фотографиите на социјалните мрежи. Вториот е акутен, фотографирање на себе си неколку пати дневно и објавување на социјалните мрежи. Третиот е хроничен, а личностите кои го имаат овој степен на нарушувањето страдаат од неконтролирано фотографирање и речиси сите селфи ги објавуваат на социјалните мрежи, барем шест пати дневно.
Терминот „селифитс“ за прв пат е спомнат во еден новински напис од 2014 година, во кој е предложено американската психијатриска асоцијација да размисли за додавање на „селфитис“ во терминот нарушувања.
Потоа, истражувачите го испрашале наведениот феномен и дошле до заклучок дека тоа „нарушување“ е навистина присутно во општеството. Испитани се 400 луѓе од Индија, земја во која мнозинството користи Фејсбук и е поставена и скала на однесување за време на фотографирање на селфи со сите можни примери. Вклучувале самодоверба, барање внимание и општествена конкуренција.
Во студија објавена во меѓународниот магазин за ментално здравје и зависност пишува „дека како и кај зависноста од интернет, концептот „селфитис“, односно зависност од фотографирање селфи, почна како забава, но дека истражувањето како и овој стручен труд емпириски го потврдиле негово постоење“.
Истражувачите навеле дека студијата која ја напишал доктор Марк Грифитс од Nottingham Trent универзитетот ќе помогне при разбирањето на „интеракцијата човек - компјутер, преку бројни електронски уреди“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во Скопје се одржува „Бизнис арена 2026“, конференција посветена на развојот на македонските брендови, вмрежувањето на компаниите и можностите за настап на странските пазари.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во фокусот се и влијанието на глобалните економски трендови, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во бизнисот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

- На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците.

- Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Како полесно до реализација на професионалната кариера?

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности.

На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера.

Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите?

Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот.

-Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“.

Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат.

-Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински.

Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер