Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб
2Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб
ЗдравјеОпрема за компјутерска томографија се инсталира во Општата болница во КочаниОпштата болница со проширена дејност од Кочани обезбеди опрема за компјутерска томографија, чие инсталирање е во тек и се очекува по соодветните тестирања и испитувања да биде ставена во функција во најскоро време.Компјутерската томографија е обезбедена во соработка со Клиниката за неврологија од Скопје, а ќе работи во рамки на одделот за рентгенологија, каде претходно беа прилагодени простории што ќе одговорат на потребните услови за нејзино функционирање. - За реновирање и адаптација на просторот за компјутерската томографија вложивме сопствени средства од околу 1,1 милион денари, со оглед што се работи за апаратура со поголем габарит. Обезбедивме шест рентген технолози и медицинска сестра кои деновиве ќе имаат кратка обука за работа со опремата, а во зависност од потребите ќе користиме и консултантски услуги на стручно лице од Скопје. Освен нив, ќе работат и тројца наши лекари, од кои двајца веќе се овде, а еден очекуваме наскоро да се врати од специјализација, Во договор со Фондот по потреба доаѓаат и лекари од болницата во Штип. За да одговориме на потребите на пациентите, ќе воведеме 24-часовно дежурство. По инсталирањето на опремата ќе се направи контрола од државната Дирекција за радијациона сигурност, а наша цел е во што пократок период да почне користењето на уредот, истакна Душанка Горгиева Трпевски, в.д. директорка на Општата болница во Кочани. Опремата за компјутерска томографија во Општата болница ќе можат да ја користат лекарите од различни специјалности, односно за дијагностика при интернистички, ортопедски, хируршки, невролошки и друг вид интервенции. - За нашата специјалност компјутерската томографија е еден од најзначајните начини за дијагностика, најчесто се користи за снимање на главата со што брзо можат да се детектираат церебро-васкуларните болести, што е една од најчесто третираните патологии на нашето одделение. Исто така, ќе може да се користи и за дијагностицирање на малигни болести, заболувања на `рбетниот столб и `рбетниот мозок, а со оглед што овозможува брза, лесна и точна дијагностика на заболувањата кај пациентите, ќе се скрати и времето за лекарска интервенција, истакна Маја Шоповска Китанова, специјалист по неврологија. По инсталирањето и испитувањето на опремата за компјутерска томографија, таа ќе биде внесена во системот Мој термин, што значи дека освен за пациентите од Кочани и регионот, ќе им биде на располагање и на пациенти од другите општини во државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МакедонијаУапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, 14 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М.(38) и С.В.(23) двајцата од Кочани, Ј.К.(20) од Штип, 17 годишен малолетник с.Долно Количани, скопско, Ф. В.(27) од с.Студеничани, скопско, Е.Б.(36), И.С. (34), В.В. (18) сите од Скопје, Д.П.(20) и Б.Ј.(68) двајцата од Велес, Б.С.(33) од Куманово како и 16-годишен малолетник од с.Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола. Исто така лишени се од слобода и В.Ј.(29) од с.Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МакедонијаЈанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли МекејлебГрадоначалникот Митко Јанчев, оствари работна средба со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во Македонија, Закари Харисон и офицерот за политички работи Кејли Мекејлеб.На средбата беше разговарано за работата и приоритетите на Општина Кавадарци, актуелните предизвици и можностите за понатамошен развој, со посебен акцент на регионалниот развој и создавањето услови за нови можности за граѓаните. Градоначалникот ги запозна гостите со реализираните проекти, развојните потенцијали на Кавадарци и визијата за понатамошен економски и инфраструктурен развој на општината. Средбата беше можност за размена на искуства и идеи, како и за воспоставување и унапредување на соработката од заеднички интерес, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
ЕвропаХакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра Хакерската група Рисида објави на темната мрежа речиси шест терабајти податоци од администрацијата во Берлин, а меѓу нив наводно има и исклучително чувствителни информации. Објавени се речиси 1,44 милиони датотеки, но администрацијата во Берлин и политичката елита сè уште не дале никакви значајни изјави за настанот, пишува Euronews. Објавени се класифицирани планови за одбрана Меѓу документите е и мапа со име „AG CBRN-Rahmenplanung“. Акронимот CBRN е кратенка за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Ова значи дека строго доверливите сценарија за вакви закани сега се јавно достапни, давајќи им пристап до нив на терористичките групи и странските разузнавачки служби. „Напад што директно ја загрозува државата“ Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф на платформата X оцени дека станува збор за сајбер напад „од размер што директно ја загрозува државата“. „Покрај документите на Покраинската криминална полиција (LKA) поврзани со истрагите, датотеките содржат и планови за национална одбрана. Тие вклучуваат тајни канали за комуникација во случај на катастрофи на федералната влада, податоци за одбранбените компании и планови за кризни ситуации на владините агенции“, напиша Винкелсдорф. Личните податоци на службеникот исто така беа протечени Објавена е и голема количина лични податоци, првенствено на државни службеници. Тие вклучуваат изводи од матична книга на родени, евиденција за отсуства, приватни телефонски броеви и домашни адреси. Отфрлена уцена од два милиони евра Хакерите претходно се заканија дека ќе ги објават податоците и побараа откуп од 30 биткоини, што одговара на износ од околу два милиони евра. Тие поставија рок кој истече во петок околу 15:35 часот. Дури и пред рокот, Берлинскиот сенат изјави дека во принцип не се согласува со таква уцена. Кратко по рокот, целиот пакет податоци беше објавен на темната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook