Определен притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот - Канал 5

Определен притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот

Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. 

Определен притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот

- Судија на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

- Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен притвор во траење од 48 часа, информираа утрово за МИА од Основниот суд Кочани.

Како што дополнуваат, Судот постапува по предлозите на Обвинителството, во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени.

Дел од нив се се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик, а се испитуваат и дејствија на примање и давање поткуп, како и за незаконска набавка на пиротехнички средства. Меѓу осомничените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица, кои претходно беа задржани на распит за околностите во кои се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Осомничените се веќе спроведени во притвор во Куманово и во Шутка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

-Вкупно до овој момент се работи на итно процесуирање на 14 лица обезбедени од нашето постапување до овој момент. По однос на увидот можам да кажам дека сите важни релевантни факти и докази на местото се обезбедени и следат дополнителни анализи и вештачења од соодветна област, рече тој, дополнувајќи дека во текот на оваа недела има можност да се поведе истражна постапка, изјави Коцевски.

На сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата синоќа беа спроведени Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице. Претходно на распит беше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, и како што соопшти Обвинителството дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

- Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираа од Обвинителството.

Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кличко го откри бројот на повредени во руски напад- погоден е инфраструктурен објект

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денес изјави дека три лица се повредени во напад со руски дрон во градот и дека е погоден критичен инфраструктурен објект.

Кличко го откри бројот на повредени во руски напад- погоден е инфраструктурен објект

Кличко во објава на Телеграм изјави дека ова може да доведе до прекини на електричната енергија и водата во некои делови од градот, објави украинскиот весник Правда.

„Критичен инфраструктурен објект беше погоден во Киев. Експертите итно ја проценуваат големината на штетата. Некои делови од градот може да доживеат прекини на електричната енергија и водата“, рече Кличко.

Според него, рускиот напад се случил во регионот Била Церква во регионот Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мила Кунис и Ештон Кучер го покажаа својот дом- нивната дневна соба ќе биде голем тренд во 2027.

Холивудскиот пар Мила Кунис и Ештон Кучер покажаа дека луксузните ентериери не мора да значат мермер, беспрекорно бели ѕидови и скап мебел. 

Мила Кунис и Ештон Кучер го покажаа својот дом- нивната дневна соба ќе биде голем тренд во 2027.

Нивниот дом ја комбинира естетиката на селска куќа со софистицирани детали, а резултатот е простор што зрачи со топлина, елеганција и автентичност, објави Хоум енд Гарден.

Нивната дневна соба е одличен пример за нов правец во дизајнот на ентериер што дизајнерите го најавуваат за 2027 година. Модерниот рустикален стил добива побогата, потопла и полуксузна димензија.

Модерниот стил на селска куќа беше исклучително популарен на почетокот на оваа деценија. Се карактеризираше со бели ѕидови, светло дрво и мат црни детали. Сепак, овој препознатлив изглед полека отстапува место на поприродни материјали, поизразени текстури и потопли нијанси.

Во дневната соба на познатата актерска двојка доминира дрвото, додека сивата софа, кристалниот лустер и декоративните перници во пригушени виолетови тонови создаваат интересен контраст со рустичната архитектура.

Желбата на Ештон Качер беше куќата да наликува на стара штала што по неколку децении беше трансформирана во модерен простор за живеење.

Тајната е во комбинирањето на навидум некомпатибилни елементи

Кристален лустер над рустикален мебел е одличен пример за тоа како два сосема различни стила можат да функционираат заедно.

Наместо да купувате комплетен мебел и декоративни комплети од истата колекција, обидете се да комбинирате предмети со различни карактери. Наследената дрвена маса може да изгледа исклучително елегантно со современа ламба, додека рачно изработената керамика ќе ја надополни едноставната полица.

Бои што ќе доминираат во ентериерите во 2027 година

За да се постигне сличен ефект, дизајнерите препорачуваат длабоки нијанси на зелена, теракота, топли кафеави и крем тонови. Посебно внимание треба да се посвети на комбинирање текстури, од памук и лен до плишан и природен дрвен материјал.

Ако имате неутрален тросед, доволно е да ги промените декоративните перници, да додадете мека навлака и да воведете неколку детали во земјени бои.

Изберете перници во различни големини и форми за да избегнете впечаток на претерано стилизиран простор.

Домот треба да се чувствува како место во кое всушност живеете

Она што ја прави дневната соба на Мила Кунис и Ештон Качер инспиративна не е само нејзината раскош, туку и фактот дека не се чувствува како изложбен салон.

Новиот правец во декорацијата на домот не бара да се откажете од минимализмот, но ве охрабрува да му дадете на вашиот простор повеќе карактер. Чувајте ги парчињата мебел што ги сакате, изложете предмети што имаат сентиментална вредност за вас и изберете материјали што убаво стареат.

Затоа што најголемиот луксуз во дизајнот на ентериер не е неговата цена, туку чувството дека, штом ќе ја затворите влезната врата, сте стигнале на место каде што припаѓате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

По одличната квалификациска сесија, Марк Маркез доживеа вистинска катастрофа на самиот почеток од спринтерската трка.

Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист и десеткратен светски шампион сакаше да ја започне Спринт трката во Валенсија, во својот последен викенд во шампионатот Мото ГП, но неговиот мотор се запали на самиот почеток и тој мораше да ја напушти трката.

Беше многу драматична сцена. Непосредно пред да се изгаснат стартните светла, возачите зад Маркез почнаа да мавтаат со рацете бидејќи видоа пожар. Потоа Маркез сфати дека нешто се случува, а чадот брзо се претвори во оган.

Шпанецот се обиде да го турне моторот во боксот, но пламенот веќе зафатил добар дел од моторот, а тој беше малку изгорен. На крајот, стјуардите излегоа со противпожарни апарати и го изгаснаа пожарот на моторот.

Марк Маркез ќе се збогува со шампионатот Мото ГП во недела во 13:00 часот, кога е закажана последната трка од сезоната во Валенсија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер