Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
1Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветОпозицискиот лидер во Венецуела ќе ја информира ЕУ за резултатите од гласањето на изборитеЛидерот на Венецуела, Мадуро повика на апсење на Гонзалес Урутија, кој не е виден во јавноста од маршот на опозицијата на 30 јули.Лидерот на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалес Урутија ќе ги информира денеска министрите за надворешни работи на ЕУ преку видео врска за тврдењата дека раширената измама го нарушила реизборот на претседателот Николас Мадуро минатиот месец, изјави првиот дипломат од блокот. „Ситуацијата во Венецуела е критична. Затоа го поканив Едмундо, кандидатот кој презентираше резултати кои покажуваат дека Мадуро не победи на овие избори, изјави за новинарите во Брисел шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Тој додаде дека ЕУ е „многу загрижена од ситуацијата на лидерите на опозицијата“ во Венецуела, кои виделе членови на тимот „уапсени и исчезнати“. Лидерот на Венецуела, Мадуро повика на апсење на Гонзалес Урутија, кој не е виден во јавноста од маршот на опозицијата на 30 јули. Марија Корина Мачадо, која Гонзалес Урутија ја замени на гласачкото ливче откако и беше забрането да се кандидира, се појави вчера во јавност за да го предводи протестот против реизборот на Мадуро. Не се очекува одлука на неформалниот состанок на ЕУ, но Борел сепак рече дека се надева оти 27-те земји-членки можат да постигнат заеднички став за исходот од гласањето./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДеветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во БелградДеветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми.. По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛукаку се повлече од репрезентацијата на БелгијаБелгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола. Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години. Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера. Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 годинаВашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој. Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред: I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook