3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
МакедонијаОпозициски пратенички прашања во Собранието – обвинувања меѓу ДУИ и ВРЕДИ за правосудниот испитВжештената реторика меѓу ВЛЕН и ДУИ за барањата на дел од студентите да полагаат правосуден испит на албански јазик се пресели и во Собранието. Пратениците од ДУИ на денешните опозициски прашања со критики дека ВЛЕН се против албанскиот јазик и молчи за барањата на албанските студенти - првиот вицепремиер Беким Сали одговори дека гласот на студентите е слушнат, власта бара решение, а правосудниот испит, како што уверуваше на говорницата, наскоро ќе се полага и на албански јазик. Пред почетокот на седницата пратениците од СДСМ предложија измени на законот за Влада по скратена постапка со кои се предвидува министрите да имаат исклучиво македонско државјанство, како што власта предлага за пратениците, но владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од нивно носење. За измените на законот предложен од СДСМ гласаа само 20 опозициски пратеници. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски ги повика ВМРО-ДПМНЕ да не бегаат од законот што самите го најавувале, чија цел е да се воспостават еднакви критериуми за сите избрани и именувани функционери. Во фокусот на опозициските прашања до власта беше и отсуството на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и неговото избегнување на работните обврски во Владата. Од СДСМ побараа тој да одговори колку денови бил присутен на работното место, кој му ги покрива трошоците за патувања и како е дозволиво заменик премиер да зема плата од граѓаните, а да не оди на работа. Од СДСМ реагираат дека наместо Фетаи да биде разрешен од функцијата, тој, како што велат, продолжува да се толерира и да покажува непочитување на Собранието. Фетаи не беше присутен на денешната седница и тој воопшто не го известил Собранието дали ќе се појави или не, информираше собранискиот потпретседател Антонио Милошоски. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грбЛатино дивата Џенифер Лопез блесна во Париз, каде што присуствуваше на хуманитарна гала-вечер организирана од „Naked Heart France“ и повторно привлече внимание со својот моден избор. Иако овојпат ја пропушти самата модна ревија,светската музичка ѕвезда се појави на еден од придружните настани во впечатлива комбинација. Џенифер пристигна во смел кафеав фустан со целосно отворен грб и драматичен шлиц што се протегаше високо по нејзината нога. Изгледот го заокружи со црни чевли со отворени прсти и мала чантичка. Jennifer Lopez attends the Naked Heart France dinner in Paris. https://t.co/GjsODKkulj — Jennifer Lopez Updates (@JLopezUpdate2) September 30, 2026 Таа им се насмевна на бројните фотографи додека многубројни камери го овековечуваа нејзиното појавување. Меѓу гостите на хуманитарната вечер беа и други истакнати личности од светот на модата, вклучително и Стела Макартни. Организацијата „Naked Heart France“ е основана од манекенката Наталија Водјанова и е посветена на подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства во Франција. Во последните недели, Џенифер Лопез привлекува големо внимание со своите појавувања на модни настани. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Историски момент за Кавадарци! [❤️] Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење. Младинскиот центар ќе биде на второто ниво, со површина од околу 800 м² и со посебен влез, како дел од новиот деловно-трговски комплекс кој ќе се простира на околу 6.000 м². Современ простор за култура, образование, креативни работилници, настани, дружење и младински иницијативи. Комплексот ќе располага со 25 паркинг места, плус дополнителни околу 40 места пред објектот. Целокупната инвестиција и изведба на објектот е од страна на Five Star Building, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЏим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада Според американските медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џим Кери (64) се оженил со Мин А (32) на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес, девет месеци откако првпат се појавија заедно во Париз. Двојката главно ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста, а првпат заедно се појавија на црвениот тепих во Париз. Џим Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да стапи во брак. Кери и Мин А првпат заедно прошетаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз, тие се во врска од 2022 година. Тој главно ја чуваше врската со уметницата во тајност, иако ѝ се заблагодари во говорот на таа церемонија и изјави дека ја сака. Актерот претходно изјави дека не планира повторно да стапи во брак. За време на гостувањето во емисијата *The Howard Stern Show* во 2014 година, тој го изнесе ставот дека тоа не е неопходно. „Едноставно не го сметам за неопходно“, рече тој, додавајќи дека иако не може да знае како би се чувствувал доколку запознае некоја личност што целосно би го освоила, сепак не би тргнал доброволно во тој правец. Тој претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1993 година, со која ја има ќерката Џејн. Нивниот развод беше опишан како тежок, а спогодба беше постигната во 1995 година. Браковите и медиумски експонираните врски на Џим Кери Потоа, во 1996 година, се ожени со Лорен Холи, неговата колешка од филмот *Dumb and Dumber* („Глупавиот и поглупавиот“), но таа поднесе барање за развод помалку од една година подоцна. Во 1999 година, Џим Кери започна врска со Рене Зелвегер – со која и се сврши – но тие раскинаа во 2000 година. Потоа, од 2005 до 2010 година беше во врска со Џени Мекарти. Подоцна, се поврзуваше со неколку други жени, меѓу кои шминкерката Катриона Вајт и актерката Џинџер Гонзага, пренесува Klix.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook