Опозиционерите Иса Мустафа и Албин Курти водат на изборите на Косово

Според првичните проекции за парламентарните избори во Косово, двете опозициски партии ЛДК (Демократска лига на Косово) и Самоопределување(Ветевендосје)  имаат по околу 30 проценти од гласовите.

Сегашната владејачка партија ПДК со 22 проценти на Хашим Тачи е на трето место .

Кандидат на Демократската лига на Косово (ЛДК) е 37-годишната адвокатка Вјоса Османи. Дали таа ќе успее да стане првата премиерка на Косово?

И покрај големите надежи за политичка промена, предвремените избори привлекоа само умерен интерес кај повеќе од 1,9 милиони граѓани.Како што објави државната изборна комисија во Приштина одѕивот бил 44,9 проценти , односно поголем од ној од пред две години.

Изборите беа закажани  затоа што Рамуш Харадинај, кој е на функцијата од 2017 година, поднесе оставка во јули. Тој беше сослушан од Специјалниот суд во Хаг, каде има обвиненија за воени злосторства во 90-тите години против поранешниот регионален командант на ОВК.

притисни ентер