3ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари требал да инкасира Богац за наместениот тендер за чистење на царинските терминали, вреден 18 милиони денари?
МакедонијаОпозицијата бара детали од договорот за стратешко партнерство со Велика БританијаОд СДСМ го поздравуваат стратешкото партнерство со Велика Бртитанија, но не и пристапот на Владата за делот од договорот кој предвидува заем од 6 милјарди евра. Лидерот на опзициската СДСМ Венко Филипче ја повика власта да ги изнесе сите детали од договорот меѓу двете влади околу висината на каматната стапка и потеклото на парите, прашувајќи и дали премеирот иако одбил да се градат мигратски кампови во Македонија, сепак порачал дека е отворен да разговара на оваа тема. За Филипче ваквиот начин на склучување договор е антиевропски, бидејќи доколку земјава биде дел од ЕУ ќе може истите проекти да ги гради со грантови од европските фондови, наместо со кредити кои ќе треба да се враќаат со децении. „Го поддржуваме стратешкиот договор со Велика Британија и ќе го гласаме во Собранието, тоа е одличен потег. Меѓутоа да се бара заем од неколку милајрди со огромни камати, а притоа да го блокира европскиот пат а можно е да стигнеме до неповратни грантови гратис средства за истите тие проекти тоа е антиевропски и непатриотски. Се задолжуваат идните генерации да враќаат милјарди евра за инфраструктурни проекти“– Венко Филипче, претседател на СДСМ. За премиеорт Мицкоски пак придобивките од договорот со Британија ќе се мултиплицираат и ќе донесат само бенефит и подобар живот за сите граѓани. Вели дека земјава е пред трансформационен период и уште еднаш ги посочи проектите кои ќе се реализираат балгодарение на заемот од 6 милијарди евра. „Договорени се веќе два типа на проекти. Едниот е реконтрукција, модернизација и изградба на ушпте еден колосек од пругата којашто е дел од Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија. Втората група проекти се практично во здравството и тоа конечно завршуавње на Клиничкиот центар во Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла, конечно завршување на болницата во Кичево и реконтрукција на клиничката болница во Тетово“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Согласноста за договорот за стратешко партнерство беше постигната во Тирана на средба помеѓу македонскиот и британскиот премиер на маргините на Самит на Европската политичка заедница. Ќе биде потпишан до крајот на неделва во Лондон од страна на високи делегации од македонската и британската влада, по што се очекува да бидат познати сите детали околу условите по кои ќе бидат позајмени парите.. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар подготвен за вториот меч на Бразил на МундијалотПредводникот на Бразил, трофејниот Италијанец, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар се одвива добро и дека тој би можел да им се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.34 годишниот Нејмар има проблеми со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна до вториот натпревар на Светското првенство. „Неговата ситуација е сосема јасна, работи одлично индивидуално. Ќе направи магнетна резонанца и ако сè биде во ред, следната недела ќе им се приклучи на тимските тренинзи“, изјави италијанскиот стручњак на прес-конференција. Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити. Последниот меч во групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијатаПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција. „Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче. Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија. „Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче. Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата. „Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче. Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси. „Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче. Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија. „Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества. Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво. „За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОтворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026Седумнаесеттото стручно советување за подземна и површинска експлоатација на минерални суровини ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид.Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни меѓународни експерти и професори. Настанот ќе биде можност за стручна размена на знаења, презентација на научни истражувања, техничко-технолошки достигнувања и современи практики во рударството и геологијата. Во фокусот на советувањето ќе бидат актуелните состојби во подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, развојот на нови технологии, заштитата на животната средина, безбедноста при работа, управувањето со руднички отпад и отпадни води, рекултивацијата, законската регулатива, како и улогата на рударството во економскиот и технолошкиот развој. „Во време кога светската побарувачка за минерални суровини расте, а технологијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој сè повеќе зависат од сигурно и одговорно обезбедување ресурси, ваквите стручни собири имаат особено значење. ПОДЕКС - ПОВЕКС е платформа каде што науката, индустријата и институциите можат заеднички да разговараат за решенија, предизвици и идни насоки за развој на рударско-геолошката дејност во Македонија и регионот“, велат од Организацискиот одбор. Во рамки на советувањето се предвидени стручни трудови, дискусии, панел-сесии и keynote презентации на теми важни за развојот на современото, безбедно и одржливо рударство. Крајниот рок за испраќање трудови е 25 август 2026 година, а информацијата за прифатените трудови ќе биде објавена на 1 септември 2026 година. Повеќе информации за начинот на подготовка и форматирање на трудовите се објавени на веб страницата https://www.zrgim.mk/ Организатор на советувањето е Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија, во коорганизација со Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултет за природни и технички науки, Штип, и МАР, Македонска асоцијација за рударство. Советувањето ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter